(ФОТО+ВИДЕО) ФБИ го уапси Џек Тешеира, осомничен за протекувањето на доверливите документи на Пентагон 

April 13, 2023
2 mins read

Американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд го потврди апсењето на младиот припадник на Националната воздухопловна гарда на Масачусетс, наведувајќи дека тоа е извршено „во врска со истрагата за наводно неовластено отстранување, задржување и пренесување на доверливи информации за националната одбрана“

Агенти на американското Федералното истражно биро (ФБИ) го упасија 21-годишниот припадник на Националната воздухопловна гарда на САД, Џек Тешеира, поради поврзаност со протекувањето на доверливите документи на Пентагон, јавија американските медиуми.  

Момент од апсењето на Џек Тешеира/Фото: Принтскрин од видео-снимка на Си-ен-ен

Апсењето на Тешеира доѓа по брзата истрага на американските власти за откривање на идентитетот на лицето кое стои зад објавувањето на доверливите документи на платформа на социјалните мрежи популарна кај љубителите на видео-игри, наведува Си-ен-ен. 

Американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд го потврди апсењето на младиот припадник на Националната гарда на САД, наведувајќи дека тоа е извршено „во врска со истрагата за наводно неовластено отстранување, задржување и пренесување на доверливи информации за националната одбрана”, пренесува Гардијан.  

„Тешеира е вработен во Националната гарда на воздухопловните сили на Соединетите држави. Агентите на ФБИ попладнево без инциденти го приведоа Тешеира во притвор. Тој ќе има првично појавување во Окружниот суд на САД во областа Масачусетс“,

додаде тој, заблагодарувајќи им се на ФБИ и на Министерството за правда за нивната „вредна работа на овој случај“.

Американскиот јавен обвинител, Мерик Гарланд/Фото: Принтскрин

Пред да се случи апсењето, Тешеира беше идентификуван од весникот „Њујорк тајмс“, кој го поврза со онлајн-групата од која на платформа на социјалните мрежи првично биле објавени тајните документи. Според пишувањето на  весникот, станува збор за онлајн-групата Таг Шејкер Централ (Thug Shaker Central) која брои околу 20 до 30 луѓе кои споделуваат интерес кон оружје, расистички содржини и видео-игри. Припадникот на Националната воздухопловна гарда на Масачусетс бил водач на оваа група.  

Претходно две лица запознаени со истрагата, како што пренесува Си-ен-ен, изјавија дека ФБИ го намалило бројот на луѓе за кои веруваат дека би можеле да бидат одговорни за протекувањето, спроведувајќи повеќе интервјуа изминатите денови. Според информациите на телевизијата, и покрај големиот број на лица кои имале пристап до документите, истражителите успеале да го смалат списокот на осомничени за можна поврзаност со протекувањето благодарение на форензичката трага што ја оставило лицето кое ги објавило документите.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно денеска во Даблин изјави дека во тек е сеопфатна истрага на разузнавачката заедница и Министерството за правда на САД во врска со протекувањето на доверливи документи на Пентагон и дека властите се приближуваат до одговори.    

„Во тек е сеопфатна истрага, како што знаете. Разузнавачката заедница и Министерството за правда работат и се приближуваат“,

рече Бајден прашан за коментар за протекувањето на информациите.  

Вчера весникот „Вашингтон пост“ објави интервју со еден од членовите на онлајн-групата каде првично се појавија документите.  

Во интервјуто тој го опишува лицето кое стои зад протекувањето на документите како млад, харизматичен ентузијаст за оружје на возраст од рани до средни 20 години, кој работи во неименувана воена база.  

Најмалку 50, но можеби и повеќе од 100 тајни документи беа објавени на платформата за социјални медиуми Дискорд (Discord), популарна кај љубителите на видео-игри, пишува Би-би-си. 

За Пентагон истекувањето на документите е намерно кривично дело

Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, денеска за време на брифингот со новинарите рече дека истекувањето на доверливите информации е „намерно, криминално дело“. 

Тој додаде дека Пентагон презел мерки да ги прегледа списоците за дистрибуција и да се увери дека поединците кои ги добиваат информациите имаат потреба од пристап до материјалите, пренесува Асошиејтед прес. 

Документите кои протекоа на социјалните мрежи сугерираат и детално изнесуваат информации за помошта што САД и НАТО и ја пружаат на Украина во војната со Русија, како и за проценките на американските разузнавачки служби поврзани со земјите сојузнички на САД. 

Тајните документи со детали за плановите на САД и НАТО за зајакнување на украинската војска пред планираната офанзива против руските сили, беа обелоденети минатата недела на Твитер и Телеграм, апликација со повеќе од 500 милиони корисници која е широко користена во Русија.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија го одобри барањето на Полска за извоз на МиГ-29 во Украина

Следно

Гарланд: Уапсен е Џек Тешеира во врска со „истрагата за испраќање доверливи информации за националната одбрана“

Latest from Blog

Коњановски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ во Битола, планирани 2.000 нови работни места

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го поздрави потпишувањето на договорот меѓу Владата и компанијата „Кромберг и Шуберт“ за нов инвестициски проект во Битола, кој предвидува производство на автомобилски компоненти за „Ауди“ и

Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен

Сите загинати ученици биле помлади од 13 години. Сопственикот на училиштето е уапсен, а претседателот на Пакистан побара сеопфатна истрага за причините за несреќата. Најмалку 33 ученици и еден наставник загинаа кога

Негативна историја: Италијански дебакл во Лигата на шампионите

Италијанските клубови испишаа негативна историја во Лигата на шампионите. За првпат досега, екипите од Серија А забележаа четири порази во едно коло од елитното европско натпреварување. Во вторникот, италијанскиот шампион Интер неочекувано

Димитровски: Со „Energy Community“ ги утврдуваме потенцијалите за обновлива енергија во Битола

Претставници на општина Битола учествуваа на форумот „Зајакнување на учеството на граѓанското општество и социјалниот дијалог во праведната енергетска транзиција“, кој се одржа во Скопје. Секретарот на општина Битола Борче Димитровски, се

Милошоски: СДСМ остави отворена врата за ново бугарско вето, овојпат за Македонскиот јазик во ЕУ

Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, објави Антонијо Милошоски на својот фејсбук профил, кој го пренесуваме во целост. „Една од тезите со која Филипче ја
Go toTop