(ФОТО+ВИДЕО) Автомобил се заби во оградата од резиденцијата на британскиот премиер

May 25, 2023
1 min read

Околу 16:20 часот автомобил удри во оградата на Даунинг стрит во улицата Вајтхол. Вооружени полицајци уапсија маж на местото на настанот поради сомнение за направена штета и опасно возење, соопшти полицијата од Вестминстер

ФОТО: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Автомобил удри во ограда на Даунинг стрит, каде се наоѓа канцеларијата и резиденцијата на премиерот Риши Сунак, соопшти денеска лондонската полиција, додавајќи дека еден маж е уапсен поради опасно возење.

„Околу 16:20 часот автомобил удри во оградата на Даунинг стрит во улицата „Вајтхол“. Вооружени полицајци уапсија маж на местото на настанот поради сомнение за направена штета и опасно возење“,

соопшти на Твитер полицијата од Вестминстер.

Според информациите на странските агенции автомобил „киа“ возејќи со мала брзина низ „Вајтхол“, главната сообраќајница што минува покрај Даунинг стрит, удрил директно во портите од ковано железо што го спречуваат јавниот пристап до срцето на владата на Обединетото Кралство.

ФОТО: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Премиерот Риши Сунак бил во резиденцијата во моментот на инцидентот, јавува Би-би-си.

Новинар на „Тајмс“ вели дека веднаш по ударот на автомобилот, полициски конвој ја напуштил Даунинг стрит од задната страна.

Нема извештаи за повредени, а увидот е во тек, соопшти полицијата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Vetëm në SkyShowtime: Star Trek, Strange New Worlds Sezoni 2

Следно

Невреме во Гостивар: Поплавени домови и проблеми во сообраќајот

Latest from Blog

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги обнови корпите во Могилата на непобедените

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп изврши замена на старите корпи за отпадоци со нови во паркот кај Могилата на непобедените, еден од најпознатите културно-историски и рекреативни комплекси во градот. Од претпријатието

Иран егзекутира човек обвинет за шпионажа за Мосад

„Смртната казна на израелски шпион, кој им обезбедувал на службениците на Мосад слики и информации за чувствителни области во земјата, беше извршена утрово откако помина низ законската постапка и доби одобрение од
Go toTop