(ФОТО) Сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, повредени се три лица

February 28, 2024
1 min read

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци – Росоман, соопштија од Територијалната противпожарна единица Кавадарци. Двете од лицата кои се повредени биле на возраст од околу 20 години, а третото е повозрасно. Несреќата се случила меѓу две возила „фиат пунто“ и „пежо 206“ на излез од селото Манастирец.

Едно од повредените лица, како што информираат, е со потешки повреди.

Откако била добиена пријава за сообраќајката, од Територијалната противпожарна единица Кавадарци велат дека излегле на терен со осум пожарникари, две возила за техничка интервенција, а присутно било и амбулантно возило.

Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека поради сообраќајната несреќа регионалниот пат Кавадарци – село Росоман од 7 часот утрово е во целосен прекин.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Бурек по рецептот на баба

Следно

Исповед на украински деца: Кога наместо во училиште, одите во подрум

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop