(ФОТО) Се урна кров на училишна спортска сала во Кина, загинаа 11 лица

July 24, 2023
1 min read

Би-би-си јавува дека само осум од вкупно 19 лица кои биле во салата преживеале. Многу од жртвите се деца, велат очевидци за локалните медиуми, иако тоа допрва треба да биде официјално потврдено. Инцидентот се случил во неделата во градот Чикиха, а утринава од урнатините е извлечена последната жртва

Единаесет лица загинаа откако во неделата во 15 часот по локално време се урна кров на спортска сала во гимназија во североисточна Кина, објавија државните медиуми, пренесе Би-би-си.

Фото: Принтскрин

Во моментот на несреќата салата ја користел тим млади одбојкарки.

Би-би-си јавува дека само осум од вкупно 19 лица кои биле во салата преживеале. Многу од жртвите се деца, велат очевидци за локалните медиуми, иако тоа допрва треба да биде официјално потврдено.

Во спасувачката акција учествувале речиси 160 пожарникари и 39 противпожарни возила.

Инцидентот се случил во неделата во градот Чикиха, а утринава од урнатините е извлечена последната жртва.

Прелиминарната истрага покажала дека најверојатната причина за несреќата е тоа што за изградбата на покривот на салата бил користен перлит – материјал кој е облик на вулканско стакло, а при обилните дождови вчера материјалот насобрал вода и предизвикал уривање на покривот.

Државната кинеска новинска агенција соопшти дека полицијата го привела одговорното лице на градежната компанија која го правела покривот на салата.

Градежните и индустриски несреќи се вообичаени во Кина поради слабите безбедносни стандарди.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Девет лица загинаа во авионска несреќа во Порт Судан

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Огнот на Родос повторно се разгоре, во гаснењето од воздух помагаат и екипи од Турција, Хрватска и Египет

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни
Go toTop