(ФОТО) Прогласен ден на жалост во Косово, манастирот Бањска и околината под контрола на полицијата

September 25, 2023
3 mins read

Според последното соопштени на косовската полиција, објавено доцна синоќа, уапсен е уште еден од напаѓачите, кој исто така бил во воена униформа и вооружен со оружје со долг дострел и муниција. Како што информираа од полицијата, во престрелката со вооружената група, досега се убиени тројца напаѓачи, двајца се уапсени, а четири лица фатени со радио врски кои нелегално ги поседувале се исто така меѓу осомничените и се поврзуваат со групата која вчера рано наутро пукаше во косовоските полицајци кај Бањска

Косовската претседателка Вјоса Османи го прогласи понеделник, 25 септември, за ден на жалост во Косово во чест на полицискиот старешина, Африм Буњаку, кој беше убиен во нападот на вооружена група на северот на земјата, соопштија од нејзиниот кабинет.  

Косовската полиција го обезбедуваат патот во близина на селото Бањска, на северот на земјата / Фото: EPA-EFE/STR

„Претседателот на Република Косово Вјоса Османи, во согласност со уставните овластувања, одлучи понеделник, 25 септември 2023 година да биде прогласен за Ден на жалост во чест на полицаецот Африм Буњаку, убиен на северот на Косово“,

се наведува во соопштението.  

Од кабинетот на косовската претседателка информираа и дека државниот протокол ќе ги преземе сите потребни дејствија за спроведување на одлуката“. 

Претседателката на Косово, Вјоса Османи / Фото: Архива

Началникот на косовската полиција беше убиен, а уште еден приапдник на граничната полиција на Косово ранет во вчерашниот напад од група, која според косовското Министерство за внатрешни работи броела 30 лица, маскирани и во униформи, кои поседувале тешко оружје, во селото Бањска, кај Звечан на северот на Косово. 

Според последното соопштени на косовската полиција, објавено доцна синоќа, уапсен е уште еден од напаѓачите, кој исто така бил во воена униформа и вооружен со оружје со долг дострел и муниција.  

Како што информираа од полицијата, во престрелката со вооружената група, досега се убиени тројца напаѓачи, двајца се уапсени, а четири лица фатени со радио врски кои нелегално ги поседувале се исто така меѓу осомничените и се поврзуваат со групата која вчера рано наутро пукаше во косовоските полицајци кај Бањска.  

Синоќа од доцните часови, како што соопшти косовската полиција, интензитетот на нападите врз полицијата е намален, но безбедносната ситуација на северот на Косово и понатаму е тензична.  

Припадник на косовската полиција патролира на пункт во близина на селото Бањска / Фото: EPA-EFE/STR

По полициска контрола се неколку локации, станбени згради и возила што ги користеле напаѓачите за блокада на патот. Меѓу возилата се оние кои биле распоредени околу манастирот Бањска во кои бил пронајден голем арсенал оружје.  

„Според прелиминарните информации, станува збор за десетици, стотици оружја од различен тип и калибар, униформи и логистичка опрема, вклучително и воено оружје од тежок калибар како гранати, гранати, митралези, ‘калашникови’ итн. Косовската полиција под раководство на обвинителот на Специјалното обвинителство на Република Косово, во соработка со ЕУЛЕКС и КФОР, влезе во објектите на Бањскиот манастир за вршење на службени задачи“,

се наведува во соопштението на косовската полиција.  

Дека областа каде се случи нападот е под контрола на косовоската полиција, соопшти и министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља. 

„Ја ставивме оваа територија под контрола. Тоа беше направено по неколку последователни битки“,

рече Свечља пред новинарите, пренесуваат медиумите.  

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља / Фото: Архива

Полицијата синоќа го зазеде манастирот Бањска, каде што групата се засолни по нападот и продолжи со оганот кон припадните на косовоските безбедносни сили.  

Косовскиот премиер Албин Курти обвини дека полицијата била цел на напад на непознати маскирани лица и ја додаде дека Србија директно е одговорна за овој терористички напад со кој, според него е направен директен напад против косовската држава. 

Синоќа, пак, српскиот претседател Александар Вучиќ, во вонредно обраќање, рече дека денешното убиство на косовскиот полицаец е апсолутно за осуда, но дека премиерот Албин Курти е единствениот виновен за она што се случи на Косово. 

Идентичен став синоќа во гостување на ТВ Пинк изнесе и премиерката Србија , Ана Брнабиќ. Таа рече дека преседателот на државата, Александар Вучиќ во својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации предупредил дека е можно на Косово да дојде до конфлик, каков што бил оној во Бањска.  

Брнабиќ изјави дека единствениот виновник за случувањата е косовоскиот премиер Албин Курти и дека тоа е неговиот животен сон, пренесува Н1.

По случувањата на Косово, македонскиот премиер, Димитар Ковачевски преку објава на Фејсбук, соопшти дека нема индиции кои укажуваат на нарушувања на безбедноста на Северна Македонија.  

„Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни – таа е стабилна, без никакви индикации за можни нарушувања. Сите институции задолжени за безбедноста будно ја следат состојбата. Воедно согласно информациите споделени помеѓу безбедносно разузнавачките служби во земјата, како и информациите добиени од службите на нашите сојузници во НАТО алијансата, не постојат индиции кои укажуваат на нарушување на безбедноста во Северна Македонија“,

наведеде Ковачевски во објавата на социјалната мрежа.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дали ЕУ ќе се распадне заради миграција?

Следно

Неколку неодговорени прашања месец дена по откривање на скандалот во Онкологија

Latest from Blog

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде

Сиљановска-Давкова и Бегај во Охрид: Двете земји можат да постигнат успех во заштита на Охридското езеро, природата и заедничкото природно богатство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава. Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и

Мицкоски: Не очекувам поинаква реторика од источниот сосед, светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари

Не очекувам од нашиот источен сосед и да испрати поинаква порака. Тие мора пред нашите европартнери и партнерите во НАТО да рефлектираат реторика со која ќе не обвинуваат нас, дека ние сме
Go toTop