ФОТО: Пожар во зграда во Кисела Вода – едно лице повредено, жителите евакуирани

February 20, 2025
1 min read

Голем пожар избувна доцна вечерва во станбена зграда во скопската населба Кисела Вода, во близина на општинската зграда. Според првичните информации, едно лице е повредено, а еден стан е целосно изгорен. Неколку станови се зафатени од огнената стихија, оставајќи дел од жителите без покрив над главата.

Противпожарните екипи од Скопје веднаш интервенираа и, иако работеа во тешки услови на минусни температури, успеаја да го локализираат пожарот и да спречат поголема катастрофа. Интервенцијата беше поддржана и од екипи на МВР, кои ја обезбедија областа и помогнаа во евакуацијата на станарите. За среќа, во пожарот нема жртви.

Жителите на погодената зграда во моментов се згрижени во просториите на Општина Кисела Вода, каде што им е обезбедено засолниште и потребна помош. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој со својот тим беше на терен веднаш по избувнувањето на пожарот, изјави дека општината ќе помогне со сите расположливи ресурси за да се надмине ситуацијата.

„Мојот народ нема да го оставам на милост и немилост. Оваа ноќ ќе ја поминеме заедно, а уште утре наутро ќе почнеме со помош за сите погодени“, изјави градоначалникот.

Воедно, тој им се заблагодари на противпожарните служби и полицијата за нивната брза реакција, како и на соседите кои помогнале да се спречи поголема штета.

Надлежните служби во текот на денот ќе извршат увид за да ги утврдат причините за избувнувањето на пожарот, како и за проценка на материјалната штета.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ристески за минималната плата: Владата не се меша, ќе се договорат работодавачите и синдикатите – „неприфатливо е придонесите да се субвенционираат“

Следно

Македонија против Естонија без Теодор Симиќ

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop