(ФОТО) Мицкоски од Гевгелија: Пуштена е во употреба новата детска градинка „Сончогледи“

January 8, 2026
1 min read

Интегрален текст од изјавата на премиерот Христијан Мицкоски

„Добар ден и од мене. Јас би сакал да се надоврзам на тоа што го кажа и градоначалникот и заменик министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, четврта градинка од почетокот на годината, уште многу градинки коишто се почнати кон крајот на 24-та година и 25-та година во периодот што следи се привршуваат и ќе бидат ставени во функција.

Многу од проблемите коишто во минатото ги пратеа овие проекти се отстранети, засилена е динамиката на реализација и изградба на самите објекти, но истовремено и примањето на нов кадар, лиценциран кадар, е исто така интензивирано, нешто што во минатото беше закочено. Така што, можам да кажам дека нашиот приоритет како Влада, а тоа е просемејната политика, грижата за најмилите, за најмладите продолжува и понатаму во периодот којшто следи, бидејќи останува на младите иднината, а ние сме тие коишто треба да ја направат таа иднина поперспективна и на овој начин мислам дека на голем број брачни парови им се олеснува начинот на функционирање, а истовремено и сите тие се охрабруваат да се одлучат за дете повеќе, се разбира за новороденче повеќе, за да можат овие објекти да бидат што е можно пополни.

И од она коешто во неврзан разговор го направивме пред да почнеме со отворањето на градинката, со градоначалникот и со луѓето тука од Гевгелија, тоа е дека со овој објект веќе нема да имаме листа на чекање, овде во Гевгелија или таа листа ќе биде многу мала.

Така што, јас му честитам на градоначалникот, на министерот и заменикот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, на пратеничката, на советниците, на администрацијата во Општина Гевгелија коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот и посакувам уште многу вакви убави проекти со коишто ќе додадеме квалитет во животите на гевгеличани.“

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови детали за трагичниот пожар во Кранс-Монтана: Сопственичката наводно избегала со касата, телата вратени без обдукција!

Следно

Дневен хороскоп за ден 08.01.2026

Latest from Blog

„СИЛЕН И МОЌЕН ЛИДЕР!“ – Трамп со поддршка за Виктор Орбан

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, му искажа поддршка на унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори во Унгарија закажани за 12 април, истакнувајќи дека се радува на продолжувањето на блиската

ВЛЕН: По 25 години политички манипулации, правичната застапеност добива закон

„Албанците не се алатки, туку се закон. 25 години, правичната и соодветната застапеност се користеше за политика. За неа се зборуваше, ветуваше, измамуваше, крадеше и корумпираше.. Но, кога стануваше збор за решение,

Скандал во кој е вмешан и Португалецот: Шокантни обвинувања во С.Арабија и тоа поради Роналдо!

ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN Дали Ал Наср, поради Кристијано Роналдо, мора по секоја цена да биде првак во С.Арабија. Имено шампионатот во таа земја влегува во својата завршна фаза и сè уште неизвесен. На шест

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 06–09.04 со 114,01 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 06.04.2026 – 09.04.2026, на Македонска берза беа реализирани 459 трансакции со вкупен промет од 114.007.808 денари
Go toTop