(ФОТО) Исчезна подморница за туристичка обиколка на остатоците од Титаник, потрагата е во тек 

June 19, 2023
2 mins read

Засега не е познато колку луѓе имало во подморницата, јавува Би-би-си. Од компанијата која ги организира турите со подморницата „Оушнгејт Експедишнс (OceanGate Expeditions) соопштиле дека ги истражуваат сите опции за безбедно враќање на екипажот на подморницата

Подморницата која турсти ја користат за обиколка на потонатиот брод Титаник изчезна денеска во Атлантскиот океан. Од бостонската крајбрежна страна соопштија дека во тек е операцијата за нејзино пронаоѓање.  

Модел на подморницата на која денеска и и изгубил траг во Атлантскиот океан/Фото: Оушнгејт ескпедишнс/Би-би-си

Засега не е познато колку луѓе имало во подморницата, јавува Би-би-си. 

Станува збор за локација на одалеченост од околу 12 километри од канадскиот остров Њуфаундленд, на длабочина од 3 800 метри.  

Од компанијата која ги организира турите со подморницата „Оушнгејт Експедишнс (OceanGate Expeditions) соопштиле дека ги истражуваат сите опции за безбедно враќање на екипажот на подморницата.  

„Целиот наш фокус е на членовите на екипажот во подморницата и нивните семејства“,

изјавиле од „Оушнгејт“ за британскиот национален сервис, додавајќи дека работат на безбедно враќање на членовите на екипажот. 

„Оушнгејт експедишнс“ е компанија со седиште во САД која наплаќа по 250 000 долари за своите патувања како „шанса да излезете надвор од секојдневниот живот и да откриете нешто навистина необично“. 

Мапа на која е означена локацијата каде се наоѓаат остатоците од бродот Титаник/Извор: Би-би-си

Се вели дека едно нуркање до Титаник, вклучувајќи спуштање и искачување, трае околу осум часа. Според веб-страницата, една експедиција е во тек, а уште две се планирани за јуни 2024 година. 

Иако во моментов не е познато колку и кој луѓе се во подморницата, Би-би-си пренесува дека британскиот истражувач Хамиш Хардинг вчера изјавил дека треба да се приклучи на најновата експедиција на „Оушнгејт“ кон остатоците на Титаник. 

 Хардинг на Фејсбук и на другиеплатформи за социјални мрежи напишал дека во неделата бил направен обид за нурнување, откако екипажот тргнал од градот Сент Џонс, Њуфаундленд во саботата. 

Тој додал дека тимот на подморницата вклучува „неколку легендарни истражувачи, од кои некои направиле над 30 нуркања кон Титаник во 1980-тите. 

Хардинг, исто така навел дека ова патување „најверојатно ќе биде првата и единствена мисија со екипаж на Титаник“ оваа година поради суровите временски услови. 

За каква подморница станува збор

Како што ја опишува британскиот национален сервис станува збор за подморница од за пет лица, која може да се спушти на длабочина од 4 000 метри.  

Нејзините димнезии се 670 сантиметри должина, 280 сантиметри висина и 250 сантиметри широчина. Може да обезбеди животна поддршка од 96 часа за петчлена екипа. Се движи со брзина од три јазли – околу 3,5 милји на час, односно 5,6 километри на час.  

Освен за носење нуркачи до потонатиот брод Титаник, подморницата се користи за истражување и инспекција на локацијата, истражување и собирање податоци, филмска и медиумска продукција и тестирање на хардвер и софтвер во длабоко море. 

Опремен е со интегрирана платформа од која подморницата се лансира и се враќа пред и по секое нуркање. 

Титаник, најголемиот брод на своето време, удри во санта мраз на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк во 1912 година. 

Остатоците од потонатиот Титаник/Фото: Википедија

 Од 2 200 патници и членови на екипажот, животите ги загубија повеќе од 1 500 лица. 

Титаник е опширно истражуван од пронаоѓањето на остатоците на потонатиот брод во 1985 година. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг ги повика Белград и Приштина на смирување на тензиите и враќање на дијалогот  

Следно

Чурлинов излезе од болница: Ова беше најтешкиот месец во мојот живот

Latest from Blog

Скопје во центарот на регионалната енергетска соработка – прв форум посветен на зелената транзиција и жените во енергетиката

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина од европскиот просек: Еве колку плаќаат граѓаните во ЕУ

Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е

Николоски: До крајот на мај автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер

„Булмак 2016“ со нова мерка за работниците: Дополнителни 5.000 денари за редовност на работа

Компанијата „Булмак 2016“, која успешно стопанисува со рудниците Злетово и Тораница, продолжува континуирано да ги унапредува условите за работа на своите вработени. Како еден од најзначајните економски двигатели во источниот дел на

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен
Go toTop