(ФОТО) „Флајтрадар24“ ја открива маршрутата на авионот на Лавров преку Турција и Грција до Скопје

November 30, 2023
2 mins read

Летот на авионот со руската делегација на чело со Лавров траел повеќе од пет часа, поминувајќи околу четири илјади километри. Летајќи над Турција, Црното Море, авионот влегол во грчкиот воздушен простор и на крајот слета на Меѓународниот аеродром „Скопје“

Бугарија ја повлекла дозволата за прелет затоа што меѓу патниците во авионот била и портпаролката на руското МНР, Марија Захарова

Авионот со кој шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров доцна синоќа допатува во Скопје за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ прелетал преку воздушниот простор на Турција и Грција, иако претходно се очекуваше маршрутата да оди преку Бугарија, јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по пристигнувањето во Скопје и рутата на летот според „Флајтрадар“ / Фото: „Икс“ и „Флајтрадар“

Причина за промената на рутата на летот, според агенцијата, е тоа што бугарските власти одбиле да дозволат прелет на руски воздухоплов во кој се наоѓа портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.

Летот на авионот со руската делегација на чело со Лавров, како што се наведува, траел повеќе од пет часа, поминувајќи околу четири илјади километри. Летајќи над Турција, Црното Море, авионот влегол во грчкиот воздушен простор и на крајот слета на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

Маршрутата на летот е забележана и од „Флајтрадар24“, од чија мапа се гледа дека авионот на Лавров тргнал од Санкт Петербург, по што прелетувајќи над Црното Море, влегол во воздушниот простор на Турција, а потоа и на Грција, пред да слета кај Скопје.

Во нотата на бугарското Министерството за надворешни работи со кое не се дозволува прелет на воздухопловот преку нивниот воздушен простор, а која ја обезбедила руската новинска агенција, било наведено:

„Дозвола за учество на горенаведената средба во Скопје се дава на министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, и неговата придружна делегација во согласност со белешката… Дозволата не важи за директорот на одделот за информации и печатот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која се појавува на списокот со санкции, во согласност со важечките закони на ЕУ“.

Инаку, по долгата неизвесност околу доаѓањето на Лавров на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, тој синоќа околу 23 часот пристигна на Меѓународниот аеродром „Скопје“, каде што беше пречекан од рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин.

Лавров во Скопје дојде по завршувањето на неформалната вечера на министрите за надворешни работи и делегациите на земјите членки на ОБСЕ, која се одржа во хотелот „Александар палас“. Тој отсуствува и од заедничката фотографија на учесниците на неформалниот собир во скопскиот хотел.

Шефот на руската дипломатија се размина со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој во Скопје пристигна вчера попладне, а по завршувањето на неформалната вечера, околу 21 часот, се упати кон скопскиот аеродром и замина од земјава, за Израел.

Покрај Блинкен, вчеравечер околу 22:30 часот од Скопје замина и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон. Ниту шефот на европската дипломатија Жозеп Борел нема да има можност да се сретне со Лавров на состанокот во Скопје бидејќи и тој рано наутро замина од земјава.

Сепак, од заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски вчера во Владата, Борел порача дека доаѓањето на Лавров во Скопје е добра пригода за да може да слушне зошто Русија е осудена и изолирана, а потоа, како што рече, да му каже на господарот на Кремљ дека Европската Унија и ОБСЕ остануваат обединети во осудата на агресивното и незаконско однесување на Русија.

Инаку, прелетот и слетувањето на авионот на министерот за надворешни работи на Русија претходно беше одобрено од Владата и од надлежните министерства за надворешни работи и за одбрана. Прелет на авионот на Лавров во својот воздушен простор одобри и официјална Софија, но, според информациите, се предомислиле поради присуството на портпаролката на руското МНР, Захарова.

Поради доаѓањето на Лавров во Скопје, министрите за надворешни работи на Украина, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа своето учество на Министерскиот совет. Овие земји се претставени на пониско ниво.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година

Следно

Поранешниот германски претседател Кристијан Вулф предупреди на растечките антимуслимански чувства во Германија

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop