ФОТО: Дел од полициските единици добија нови автомобили

December 24, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството официјално ги стави во функција дел од моторните возила набавени за потребите на организациските единици на МВР и БЈБ.

МВР

-Во насока на нашата посветеност да градиме вистински опремена, модерна и европска полиција која ќе има капацитет за борба со сите видови криминал и заштита на безбедноста на сите граѓани на Македонија денес имам можност да ги ставиме во употреба нови автомобили обезбедени за потребите на полициските сектори и единици. Се работи за автомобили од производителот Шкода набавени од страна на министерството на јавна набавка, во насока на обновување на возниот парк на министерството кој е во незавидна состојба и кој планираме во следната година да го реобновиме во најголем дел. Македонската полиција ќе биде гордост и носител на безбедноста на македонските граѓаните и се стремиме кон остварување на оваа цел, потенцираше министерот Тошковски.

МВР

Посочи дека во следната година продолжуваат со навистина амбициозни цели на градење нови полициски станици, нови униформи за најголем број полициски единици и модернизација во секој сегмент на работењето на полицијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОЈО ГОКК: Барањето за амнестија на обвинетите во „Организатори на 27 април“ не може да се спори

Следно

Собранието со автентичното толкување на Законот за надворешни работи создава услови за отповикување Амбасадори

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop