Форумот на жени на СДСМ денес ќе го одржи 10. традиционален осмомартовски марш

March 8, 2025
1 min read

Форумот на жени на СДСМ, ја информира јавноста дека денес со почеток во 12:00 часот во Струмица, ќе организира марш по повод Меѓународниот ден на жената.

Маршот е нашиот глас со кој ја продолжуваме борбата за права и достоинство на секоја жена и девојка a оваа година Форумот на жени го одржува под слоганот „Исправени заедно, за еднаквост, правда и мир“, пишува во соопштението на СДСМ.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Даниела Колева, ги повикува сите граѓани да се приклучат.

„Иако изминатите години направени се значителни поместувања, и понатаме е потребно многу работа и не чекаат голем број закони кои треба да се донесат.. Да маршираме заедно за правда и мир“, рече Колева.

Маршот започнува од кружниот тек кај улицата “Ленинова” во Струмица а завршува спроти зградата на општина Струмица (улица Благоја Мучето).

По завршување на маршот, ќе се обратат претседателот на СДСМ, Венко Филипче, заменичката претседателката Фани Каранфилова Пановска, и претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Даниела Колева.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Од вазалство до хистерија-политичка хипокризија на Филипче и СДС на дело!

Следно

Охриѓанец итно пренесен во болница, кога ја видел полицијата голтнал опаковка со дрога

Latest from Blog

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од
Go toTop