Формула 1 ѝ одзема две трки на легендарната „СПА“

January 10, 2025
1 min read

Челниците на Формула 1 се договорија со организаторите на Големата награда на Белгија и ставија потпис на нов договор кој ќе биде во времетраење до 2031 година.

Сепак, ова е специфичен договор бидејќи според него две години во интервалот до 2031 нема да се вози на легендарната „Спа Франкоршамп“.

Оваа патека е една од најлегендарните во Формула 1, па поради притисокот на јавноста останува во календарот. Сепак, потпишан е уникатен договор според кој на Белгија ѝ се одземаат две трки.

Договорот на Белгијците со челниците на овој спорт вели дека ќе биде организатор на трки во 2026, 2027, 2029 и 2031 година, а не и во 2028 и 2030 година. Овие две години ќе се вози на друга патека наместо на „Спа“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Два синдикати во Германија одлучија да ја напуштат платформата „Х“

Следно

Трамп: Рускиот претседател сака да се сретнеме, ние се подготвуваме

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop