Формула 1 ќе ги промени правилата за пцуење

April 30, 2025
1 min read

Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, објави дека наскоро може да се направат измени во контроверзните прописи што предвидуваат казни за несоодветен јазик, вклучително и пцуење, во светот на Формула 1.

Во текот на зимскиот период, во Меѓународниот спортски кодекс беше додаден Анекс Б, кој им дозволува на судиите да ги казнуваат возачите за навредливи изјави и критики упатени кон ФИА.

Според важечките правила, возачот кој три пати ќе ја прекрши оваа одредба му се заканува суспензија од еден месец, а постои и можност да остане без бодови во генералниот пласман. Овие правила беа воведени по еден случај минатата година, кога Макс Верстапен беше казнет со „општествена работа“ поради несоодветен јазик што го употреби за време на прес-конференцијата во Сингапур.

Иако најголемо внимание се посветува на Формула 1, првиот што беше посебно санкциониран според новите правила беше возачот на WRC, Адриен Фурмо. Тој пцуеше за време на телевизиско интервју во Шведска, за што беше казнет со 10.000 евра, а дополнителни 20.000 евра му беа суспендирани во случај на повторување на прекршокот.

Карлос Саинц помладиот исто така се најде во центарот на вниманието кога пцуеше во Бахреин додека коментираше за казната од претходната трка во Јапонија. ФИА објави дека нема да го казни бидејќи тој веднаш се извини, иако се соочуваше со казна од 40.000 евра.

Реакциите од возачката средина и пошироката јавност ја наведоа ФИА да ги преиспита тековните правила. Во објава на Инстаграм, Бен Сулајем потврди дека веќе се разгледуваат промени во Анексот Б.

„По конструктивните повратни информации од возачите на седум Светски првенства на ФИА, размислувам за измени во Анекс Б. Како поранешен возач на рели, подобро од повеќето ги разбирам притисоците со кои се соочуваат“, напиша Сулајем.

Тој додаде дека целта на правилникот е да се зачува пристапноста и професионализмот во спортот, но и дека има простор за подобрување.

„Луѓето ги прават правилата и луѓето можат да ги подобрат. Принципот на постојано подобрување е нешто во кое отсекогаш сум верувал“, додаде тој.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево со мала до умерена локална облачност – температурите до 27 степени!

Следно

Криволов на крап во Охридското Езеро

Latest from Blog

Рафаел Маркез ќе биде селектор на Мексико

Репрезентацијата на Мексико е еден од домаќините на претстојниот Мундијал кој е закажан за следното лето. Мексиканците се ко домаќини заедно со САД и Канада, и имаат огромни очекувања од овој турнир.

ФОТО: Стаменкоска Трајкоска, сопругата на премиерот Мицкоска и пратеничката Пешевска во посета на Клубот за деца со церебрална парализа

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска, заедно со сопругата на премиерот, Рози Мицкоска и пратеничката Жаклина Пешевска, беше во предновогодишна посета во Клубот за деца со церебрална парализа во Расадник. Во празнична атмосфера,

Видео- фото: Ким Кардашијан доаѓа во „Fortnite“, го откри изгледот на својот лик

Таа сподели серија промотивни фотографии на социјалните мрежи, откривајќи го својот изглед во „Fortnite“ и промените во облеката и косата – познати како скинови – кои ќе им бидат достапни на играчите

Луксузна копија на „Наполеоновиот законик“ на аукција во Брисел

Станува збор за збирка правни текстови од почетокот на 19-от век, изработени по налог на тогашниот француски император Наполеон Бонапарта, со кои бил надополнет Францускиот граѓански законик. Според расположливите информации, постојат само

Просветление грешним

Кога ги читате и слушате сите локални магистерчиња и докторчиња, професорчиња и аналитичарчиња, новинарчиња и шефици на кабинети…, сите трагачи по „вистини“ и откривачи на „ѕверовите“ во нас и наоколу – а
Go toTop