Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство

April 11, 2025
1 min read

Денеска во Фондот за здравствено осигурување се одржа состанок со дел од членовите на новиот состав на Првостепена комисија за лекување во странство.

Комисијата брои седум членови и седум нивни заменици, а ја предводи д-р Игор Мерџановски од Клиничкиот центар.

Се работи за состав од стручњаци од области како ортопедија, педијатрија, неврохирургија и други специјалности во кои најчесто се упатуваат пациенти на лекување надвор од земјата.

Преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија, годишно над 250 осигуреници се лекуваат во странство, за што се издвојуваат повеќе од 5 милиони евра, се посочува во објавата на Фејсбук. 

Надлежните институции упатуваат апел до сите осигуреници кои имаат потреба од ваков вид на здравствена услуга, најпрво да се обратат институционално, со цел постапката да се одвива согласно законските процедури и во интерес на навремено добивање соодветна здравствена заштита.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонски и грчки научници на трибина „Книжевниот и интеркултурниот превод како динамика на премини на границите“

Следно

Фудбалер на Нотингем со урбенесна реакција: Салах потпиша? Заврши првенството…(ВИДЕО)

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop