Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

December 25, 2025
1 min read

Управниот одбор на Фондот на ПИОМ ја одржа 28-та седница на која донесе повеќе одлуки од негова надлежност.

Заменик претседателот на Одборот, Игор Китаноски, кој ја водеше седницата, најнапред му даде збор на директорот на Фондот, Никола Мемов за да ги информира членовите на Одборот за активностите на Фондот меѓу двете седници.

Директорот Мемов нагласи дека редовните активности се одвиваат непречено и без проблеми и додаде дека на први декември редовно е исплатена ноемвриската пензија.

Исто така, директорот Мемов ги информира членовите на Управниот одбор дека од 16 до 18 декември годинава е остварена работна средба со Фондот на ПИО на Црна Гора.

На средбата, како што рече тој, е разговарано за досегашната примена на Договорот за електронска размена на податоци помеѓу двете институции и за Техничкиот протокол за имплементацијата на Договорот, склучени во феврури годинава, како и за активностите што треба да се преземат во наредниот период во насока на зголемување на соработката и размената на податоците.

Станка Трајкова, член на Управниот одбор, информира дека Регистрираната организација за Солидарен фонд донела Одлука за зголемување на задршката за посмртна помош од пензиите од 140 на 150 денари и зголемување на средствата за исплата на посмртнина од 35 на 40 илјади денари.

Членовите на Управниот одбор ја усвоија Стратегијата за внатрешна ревизија за 2026-2028 година и го усвоија Планот за внатрешна ревизија на Единицата за внатрешна ревизија во Фондот за следната 2026 година.

Исто така, Одборот донесе Одлука за доделување на деловен простор на користење на Здружението на пензионери Дојран, како и Одлука за распишување на конкурс за именување на заменик директор на Фондот и формирање на конкурсна комисија.

Управниот одбор разгледа и повеќе Информации, меѓу кои Информацијата за резултатите од спроведувањето на активностите во делот на регистрација на податоците и Информација за поднесени и остварени права на старосна пензија во периодот од први јануари до 10 декември 2025 година.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јувентус го убедува Тонали да се врати во Италија

Следно

Опериран поранешниот бразилски претседател Болсонаро

Latest from Blog

Потврдено: Португалија има нов селектор!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL Португалија официјално го објави назначувањето на искусниот Жорге Жесус за нов селектор на репрезентацијата. 71-годишникот го наследува Роберто Мартинез откако „морнарите“ стигнаа само до 1/8 финалето на Светското првенство во 2026

Крај на примирјето: Ескалира војната меѓу САД и Иран со жестоки напади и жртви

Неколку часа откако шефот на Белата куќа, Доналд Трамп, објави дека, според него, примирјето со Техеран е „завршено“, американските сили започнаа нови напади врз Иран. Како одговор, Техеран соопшти дека нападнал американски

Николоски: Ќе се гради автопатот Требениште–Струга–Ќафасан

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека по завршувањето на посетата на мисијата на УНЕСКО е многу поголем оптимист за изградбата на автопатската делница Требениште–Струга–Ќафасан и посочува дека сега останува
Go toTop