Флик го одби Челзи за да ја преземе Барселона

May 23, 2024
1 min read

Германскиот фудбалски стручњак, Ханс Дитер Флик може да ја предводи Барселона, пренесува Мундо Депортиво.

Според шпанскиот медиум, 59-годишниот Германец одбил да го води Челзи за да работи во каталонскиот клуб. Флик разговарал со спортскиот директор на Барселона, Деко и состанокот поминал добро.

Сегашниот тренер на Барселона, Чави најави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти функцијата.

Последната работа на Флик беше во репрезентацијата на Германија, која ја напушти во 2023 година. Пред тоа беше тренер на Баерн со кој двапати ја освои шампионската титула на Германија и ја освои Лигата на шампионите (сезона 2019/20).

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија: Уапсен генералот Шамарин, заменик-началникот на Армијата

Следно

Касами и со владин црвен картон не го напушта стадионот во Тетово

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop