Фитар Бајрам следува по 29 дневен пост, десертите со шербет остануваат омилени за овој празник

March 29, 2025
1 min read

Еден ден пред Бајрам, продавачите на десерти велат дека десертите со шербет и понатаму се најпопуларни за купување. Сепак, според нив, празниците не се како порано, бидејќи нарачките се правеле 10 дена пред празникот. Сè уште има такви кои купуваат кори и јаткасти плодови за да си подготват десерти дома.

„Има заинтересирани, но не е како порано кога нарачуваа 10 дена пред Бајрам. Сега е послабо, ми се чини дека многу луѓе се иселиле во странство. Сепак, традиционалните десерти за Бајрам остануваат исти: баклавата, шеќерпаре, толумба, индијанка и тричеќе се меѓу најбараните“.

„Интересот за кора од кадаифи и јаткастите плодови е како и секогаш. Цените не се сменети три години.“

Во меѓувреме, на тетовскиот плоштад Здружението „Исламско единство “подели пет илјади подароци на децата, носејќи радост и празнична атмосфера во пресрет на Бајрам.

„Оваа прослава на Рамазан Бајрам ќе биде малку поинаква со донирање на пет илјади подароци за децата од нашиот град. Овие подароци се делат и досега се поделени 3 илјади подароци, нормално, освен на плоштад, поделивме и кај неколку градинки и други училишта. Кај детското одделение – билница, беа подделени дел од подароците“, вели Амар Даути.

Празникот Бајрам доаѓа по 29 дневен пост и е еден од најважните за муслиманските верници.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руската ФСБ пристигна во Србија, ќе анализираат дали бил употребен звучен топ на 15 март

Следно

Туркије работи на ослободување на својата државјанка Румејса Озтурк од американскиот притвор

Latest from Blog

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од
Go toTop