Финска утре влегува во НАТО

April 3, 2023
1 min read

Финска утре и официјално ќе стане членка на НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател.

Оваа вест ја потврди генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Турскиот парламент пред неколку дена ја ратификуваше клаузулата со која ѝ се дозволува на Финска да се приклучи на западната воена алијанса, отворајќи го патот за влез на Хелсинки во НАТО додека беснее војна во Украина.

Турција беше последната од 30-те членки на Алијансата што го ратификуваше членството на Финска. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во март рече дека Финска ја обезбедила наклонетоста на Турција по преземањето конкретни чекори за одржување на ветувањата за сузбивање на групите што Анкара ги смета за терористи и за ослободување на извозот на воена стока.

Финска и Шведска поднесоа барање за приклучување кон трансатлантскиот воен сојуз минатата година како одговор на руската инвазија на Украина, но процесот беше блокиран од Турција и Унгарија. Во спротивно, парламентите на сите членки на НАТО мора да ги ратификуваат новите членки. Турција, пак, уште го одложува одобрувањето на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Се шири наводна снимка од сослушувањето на Трепова, осомничена за убиството на рускиот блогер

Следно

ФОТО: Може да и позавидат и модните икони, ова е новата прва дама на Црна Гора

Latest from Blog

СЗО предупредува на можно враќање на сипаниците

  Светската здравствена организација (СЗО) во петокот предупреди на можноста за повторно појавување на мали сипаници поради слабеење на имунитетот на населението и ниски стапки на вакцинација, и покрај значителното намалување на

Автомобил излетал од коловозот, паднато дрво на патот Кичево – Охрид кај Ботун

Вечерва на магистралниот пат Кичево – Охрид, на потегот помеѓу селата Ботун и Мешеишта, во близина на Климештани, автомобил излетал од коловозот, јавува Ohrid1. Според информациите од наши читатели, на овој дел

Непал ќе ги прогласи за мртви сите 5.500 исчезнати во поплавите во август- меѓу нив се 623 странци

Глечер на голема надморска височина на границата меѓу Непал и Кина се урна на 26 август, ослободувајќи бујна вода, мраз, камења и остатоци. Повеќе од 1.400 луѓе загинаа во поплавите во Непал,
Go toTop