Филков: Случајот со апелациониот судија не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост

January 23, 2026
1 min read

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за правда кон утврдување на фактичката состојба на терен и преземањето конкретни мерки.

,,Во изминатиот период, јавноста беше сведок на настани и случаи кои дополнително ја засилија загриженоста околу интегритетот, одговорноста и функционирањето на судството и обвинителството. Таквите појави не смеат да се релативизираат, ниту да се игнорираат.

Кога предмети за висока корупција стојат со години без разрешница и кога очигледни сомнежи не добиваат институционален одговор – тогаш граѓаните со право прашуваат: каде е правдата?

Случајот со апелациониот судија кај кого беа пронајдени 350 илјади евра, скриени и заѕидани во ѕид, не е само скандал. Тоа е симбол на длабока системска слабост – симбол на култура на неказнивост, молк и меѓусебна заштита што предолго ја разјадува довербата во правосудниот систем”, рече министерот за правда Игор Филков.

Овој случај , според Филков дополнително ја нарушува довербата во целото судство и ја доведува под сомнеж функцијата судија која што треба да е во служба и во интерес на граѓаните и правдата, а не привилегија.

Истовремено, јавноста сведочи и на сериозни предизвици во функционирањето на обвинителството – недоволна ефикасност, ограничени капацитети и недоволна решителност во справувањето со најтешките форми на криминал.

,,Истражувањата за перцепцијата на корупција  покажуваат дека довербата во судството и обвинителството е сериозно нарушена.. Таа доверба не може да се врати преку ноќ, ниту со една одлука.

Јасно е дека проблемот е системски и не се однесува само на поединечни случаи. Свесни сме дека без темелни и добро насочени реформи, ваквите појави ќе продолжат да се повторуваат. Затоа, Министерството за правда пристапи системски, со утврдување на фактичката состојба на терен и со преземање конкретни чекори”, нагласи министерот за правда Игор Филков.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија доби трет мобилен оператор: „Оне Македонија“ доби радиофреквенциски спектар

Следно

КАРАМЕЛ КОЦКИ КОИ СЕ ТОПАТ ВО УСТАТА: Готови се за 20 минути и одат одлично со кафе

Latest from Blog

Иранците во Британија: Оваа војна само го зајакнува режимот во Техеран

Во писмо до премиерот Кир Стармер, потписниците тврдат дека сегашниот начин на водење војна само го зајакнува режимот во Техеран, објавува „Гардијан“. Војната го зајакнува авторитарното владеење Писмото е противтежа на оние

Антикорупциска не утврди судир на интереси кај директорот на СОЗР со фирмата „Сити аутсорсинг“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница не утврдила судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски и фирмата „Сити аутсорсинг“, за

Крмов: До јуни треба да се постигне договор за измените на Изборниот законик

Работната група формирана за подготовка на новиот Изборен законик продолжува со работа, а пратеникот од Левица, Борислав Крмов, посочи дека за усвојување на законот ќе биде неопходен поширок политички консензус меѓу партиите.

Реал им забрани на навивачите да скандираат: Пеп изгледаш како пе**р“

фото: Football Journalist @Lux_CFC (X) Директорот на Реал Мадрид, Хозе Луис Санчез, разговараше со навивачите на клубот пред натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити. УЕФА претходно го казни
Go toTop