Филков му врати на Милошоски: Очигледно е неинформиран и изолиран, го упатувам во партија или пак во Влада – можеби конечно ќе го известат за постапките!

April 1, 2025
2 mins read

Министерот за правда Игор Филков вечерва испрати реакција по повод изнесените наводи на Антонијо Милошоски во Топ тема на Телма.

„Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“, а јавноста добро го памети по аферите поврзани со АМСМ и семејните бизниси од Кичево,  изгледа дека сè уште нема навика да одговара пред граѓаните кои го избрале. Бидејќи очигледно е неинформиран и изолиран од партијата, го упатувам во неговата матична партија или пак во Владата – можеби конечно ќе го известат за постапките, роковите и статусот на законите!

И, бидејќи изгледа како некој што работи по туѓи наредби, за кого одработува во моментов? Дали се тоа интересите на граѓаните или некои други агенди? Во минатото е познат по Ванчо Михајлистички ставови, многу лаги и невистини. Ова е лош де-фокус на македонската јавност по двонеделниот „одмор“!

Да го потсетам дека во парламентот е од 2011 година, откако се повлече од функцијата министер за надворешни работи и активно учествуваше во креирање на „канцерогениот“ правосуден систем. Сега е добар момент да се потсети јавноста дека токму тој директно учествуваше во процесот на донесувањето на штетните измени на КЗ во 2023 година, со што  се спаси од одговорност за кривичното дело ,,Моќник”.

Се обраќам и до пошироката македонска јавност која има право да биде информирана околу споменатите закони, но не само за нив, туку уште десетици што се во процедура како:

1. Закон за спречување на корупција и судир на интереси (подготвен и објавен на ЕНЕР)

2. Предлог закон Закон за судска служба – подготвен и објавен на ЕНЕР.

3. Предлог закон за платите на јавните обвинители (МП го достави предлог законот до Влада во септември 2024 година, но тој беше одложен поради немање финансиска согласност од ресорното министерство. Законот ќе се реактивира, обезбедени се финасиски средства во 2025 година за негова имплементација.)

4. Закон за јавно обвинителство (подготвен е и ќе се објави на ЕНЕР). Според реформската агенда овој закон заедно со законот за Совет на јавни обвинители треба да се бидат донесени најдоцна до декември 2025 година.

5. Закон за Судски совет (треба да се донесе до јуни 2025, моментално е во завршна фаза, по преводот и ќе се испрати на мислење на Венецијанска комисија и Европска комисија)

6. Измени на Изборен законик (формирарана е работна група, рокот за носење е јуни 2025)

7. Предлог закон за платите на судиите (Според реформската агенда законот треба да се донесе до јуни 2025, работна група работи но потсетуваме дека

пратениците по скратена постапка извршија намалување на коефициентите за пресметување на платите на судиите во декември 2024 година)

8. Предлог закон за кривична постапка (подготвен, одржани се јавни расправи, даден на превод, рок: декември 2025

9. Закон за државно правобранителство (формирана работна група, рок за носење е септември 2025)

10. Предлог закон за судовите (формирана е работна група, се работи на законското решение)

11. Предлог закон за судски буџет (формирана е работна група, се работи на законското решение)

12. Предлог закон за Совет на јавни обвинители (формирана е работна група, треба да се донесе декември 2025)

13. Предлог закон за јавнообвинителска служба (формирана е работна група, се работи на законското решение)

14.Предлог закон за платите на јавните обвинители (формирана е работна група, се работи на законското решение)

15.Нов Кривичен законик (подготвен, преведен на англиски јазик, рок за носење декември 2025)

16. Закон за управување со движење на предметите во судовите (во 2024 година поведена е уставна иницијатива со која се бара делот објавување на правосилни одлуки да се преиспита од страна на Уставниот суд. Доколку со одлука на Уставниот суд се укине одредбата во делот правосилни, ќе се преоцени потребата од измeни на законското решение).“, се вели во реакцијата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пука ли владината коалиција? Милошоски со критики за Филков

Следно

Тоневски во Отворено: Нашата анализа покажа дека нема цијанид во реката

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop