Филипче: СДСМ на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати за градоначалници

March 3, 2025
1 min read

На својот фејсбук-профил, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека СДСМ на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати за градоначалници и советници.

„Ќе ги избереме во широк консултативен процес, пред сè со членството, а потоа и преку сондажи со сите граѓани.

Граѓаните заслужуваат да ги водат најдобрите и оние кои можат најмногу да придонесат за секоја општина. Покрај поддршката од членовите и граѓаните, кандидатите мора да ги имаат потребните квалификации и искуство за позицијата за која се кандидираат.

Вечерва во Кочани, на работна средба со новото раководство, зборувавме за претстојните локални избори и начинот на избор на кандидати“, вели Филипче во објавата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поповски во 24 анализа: Усогласувањето на минималната плата е еднаш годишно, просечната плата расте постојан

Следно

Ракометната легенда на РК Вардар го игра последниот меч во ЛШ

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop