Филипче-Рокас: Европскиот пат мора да остане приоритет, секое одложување е чекор назад

October 19, 2024
1 min read

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче, вчера одржа средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас.

Во фокусот на разговорот беше евроинтеграцискиот процес, односно важноста Северна Македонија да го продолжи европскиот пат, како и потребата од остварување на  натамошните чекори кон отворање на поглавјата од преговорите со ЕУ.

На средбата беше потенцирано дека интеграцијата на државата е прашање од национален интерес и секое одложување на исполнување на условите од преговарачката рамка е чекор назад за иднината на граѓаните.

Претседателот на СДСМ, Филипче изрази загриженост од политиките на актуелната власт во однос на евроинтеграцискиот процес, кој како што кажа во моментов по одвојувањето од Албанија, е закочен. СДСМ како партија ќе го поддржи секој процес што ќе значи приближување на државата до ЕУ.

„Она што загрижува е фактот дека актуелната власт нема јасна стратегија како понатаму, кои се следните чекори и дали воопшто има политичка волја за продолжување на процесот на интеграција. Секое одложување на отворање на поглавјата е всушност чекор назад. СДСМ останува посветена на европските вредности и ќе продолжи конструктивно да делува во однос на ова прашање“, рече Филипче.

Амбасадорот Рокас ја потврди поддршката на ЕУ за интеграција на државата како и позитивниот однос на ЕУ во однос на проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан. На средбата беше потенцирано и значењето на Планот за раст на Европската Комисија за Западен Балкан, како конкретна финансиска поддршка за доближување на македонската економија кон нивото на економиите на европските земји и кој е од исклучително значење јакнење на капацитетите за членство во ЕУ на земјите од регионот.

Филипче и Рокас се согласија дека е неопходно државата да ги продолжи реформите и да се насочи кон исполнување на условите важни за членството во ЕУ, потенцирајќи дека дијалогот и соработката ќе останат клучни за европската иднина на Северна Македонија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трипуновски: Мојата обврска е да ја заштитам категоријата земјоделец, а и да се намали увозот на храна

Следно

Трипуновски: Мојата обврска е да се намали увозот на храна

Latest from Blog

Бејта го отвори изборниот штаб во Гостивар: „Чесност и транспарентност на прво место“

Коалицијата Вреди вчеравечер го отвори својот изборен штаб во Гостивар, со што официјално ја започна кампањата за повторените избори за градоначалник на 11 јануари. Кандидатот на коалицијата, Невзат Бејта, пред присутните ги

Пред крајот на годината: Масар Омерагиќ за успесите и проблемите во македонскиот фудбал

Вечерва во 19:00 часот на официјалните Facebook и YouTube платформи на Фудбалската федерација на Македонија се емитува новогодишното издание на Podcast „Куќа на фудбалот“, во кое гостува претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Go toTop