Филипче: Отворени сме за конструктивен дијалог, но препознаваме манипулација

July 10, 2025
1 min read

„Секогаш сме отворени за соработка, како иницијативи, тоа доаѓало и од страна на партијата, во мое лично име, во некои наврати, во изминатиот период. Тоа што никогаш, на пример, не било кажано, е зошто ние да не седнеме и да се договориме – кои се нашите национални интереси, како заеднички да се бориме, на кој начин и така натаму,“ рече Филипче.

Тој нагласи дека ова е нормален и испробан пристап во сите земји што успешно се интегрирале во ЕУ. „Апсолутно сме тука да седнеме на маса и да разговараме. Впрочем, многу земји кои што влегуваа во Европската Унија во изминатиот период, го потврдуваат тоа, како на пример Хрватска, со која имаме одлична соработка – дека сите партии работат заедно кога станува збор за Европската интеграција,“ додаде Филипче.

Сепак, тој предупреди дека ваквите повици најчесто се празни и се користат како политичка тактика за дефокус.

„Јас жалам и сметам дека ова е еден целосен дефокус, и дека тука не станува збор за вистинска желба да се направи чекор напред кон Европската интеграција, туку за обид за добивање на политички поени,“ истакна Филипче.

„Но, да резимираме: тука сме да седнеме заедно, да разговараме за сè што треба – од сите политички чинители, од сите етнички заедници – да разговараме за тоа како ќе го продолжиме евроинтегративниот пат,“ заврши тој.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разговор со Малинка Ристевска Јорданова

Следно

ЦУК: Активни 9 пожари, изгаснати 16

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop