Филипче од Неготино: Владата нема ни капацитет, ни идеја како да ја води државата

May 7, 2025
1 min read

„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат катастрофални резултати, имаат катастрофален начин на владеење. Имаме Влада на ВМРО-ДПМНЕ, Влен и ЗНАМ којашто работи спротивно на државните и на националните интереси и не прави ништо добро за државата“, изјави Филипче, упатувајќи остри обвинувања за неспособност и деструктивно владеење.

Тој истакна дека анкетите на СДСМ покажуваат пад на поддршката за владејачката партија, особено во изминатите два месеци.

„Нашите анкети покажуваат дека во гласовите на ВМРО-ДПМНЕ има сериозен пад, посебно во последните два месеци. За кратко време една толку моќна влада, со скоро две третини во Собранието, така сериозно да потфрли може да значи само две работи, прво, дека немаат капацитет и второ дека воопшто немаат идеја да направат нешто добро за државата“, додаде Филипче.

Во своето обраќање, тој ја критикуваше и, како што рече, обидот на власта да ја прикаже лажна слика за состојбата во земјава.

„Што сака Владата да направи? Да нѐ затвори во еден меур. Таа да продава приказни како тука добро се живее и како тие добро работат за граѓаните“, рече тој.

Филипче се осврна и на економската состојба, велејќи дека владините тврдења за стабилна економија не соодветствуваат со секојдневната реалност на граѓаните.

„Нема никакви економски политики. Луѓето тоа го чувствуваат. Гледајте ги цените и платите, колкава дискрепанца има. Никогаш не била толкава разликата да луѓето не можат да врзат крај со крај. Не направија ништо да ги исконтролираат цените, не направија ништо соодветно да ги зголемат платите на работниците. Луѓето мака имаат, едвај врзуваат крај со крај“, нагласи лидерот на СДСМ.

Покрај економските предизвици, тој укажа и на сериозниот проблем со иселувањето на младите.

„Загрижувачки е трендот на иселување на младите. Јас работам со студенти, 90% од нив учат германски јазик и се подготвуваат да си заминат од државата“, потенцираше Филипче.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Црн чад од Сикстинската капела, не е избран нов папа во првиот обид

Следно

Андонов: Паушалните сметки треба да бидат реални – секој сака да плати колку што потрошил!

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop