Филипче: Кога ќе продолжат ЕУ интеграциите? Мицкоски: Ќе сториме се да станеме членка, но не како „модерни“ Македонци

June 26, 2025
1 min read

Кога ќе најдете подобра преговарачка позиција за да се продолжи европскиот пат го запраша премиерот Мицкоски, претседателот на СДСМ Венко Филипче. Тој вели дека претходно никогаш не се преговарало за македонскиот јазик и идентитет а дека сега се соочуваме со ризик во Европскиот парламент да помине извештај во кој преку амандман македонскиот јазик може да биде означен како „модерен“.

„Дали во временските рамки на овој мандат на Владата имате утврдено временски лимит до кога ќе се обидувате да изнајдете некаква промена на нашата преговарачка позиција или нема никаков временски лимит односно целиот мандат на оваа Влада може да помине во тоа што вие го велите изнаоѓање на подобра преговарачка позиција“, рече Филипче.

Премиерот Мицкоски возврати дека доколку СДСМ преговарала подобри позиции за земјава тогаш немало да ни се случи во Брисел со бугарски амандмани да ни се негира македонскиот јазик. Сепак одговори дека ќе се залага за продолжување на преговорите со Европската унија, но не по секоја цена.

„Тука треба сите да се обединиме и вие треба да не поддржите за тоа. Не е тоа нешто лошо. Ако тие велат дајте да ставиме Бугари во Устав, ние малку што можеме како парламент овде да направиме сите заеднички да побараме Македонците да бидат дел од тој Министерски совет кој што ќе биде дел од тој Комитет за етничките заедници. Ќе сториме се што е во наша моќ да ги отпочнеме преговорите но тоа нема да го направиме како „модерни“ Македонци.“, кажа Мицкоски.

Извештајот за Македонија на Европскиот парламент помина на Комисијата за надворешни работи без притоа да биде прифатен амандманот на бугарските пратеници во кој се бара пред македонскиот идентитет и јазик да стои додавката „модерен“. Сепак тие истакнаа дека истиот амандман ќе го поднесат и на пленарната седница на Европскиот парламент кој треба да се одржи од 7 до 10 јули во Стразбур.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од 1 јули до 31 август се воведува целосна забрана за движење во шума

Следно

САД: Одбивањето на иранскиот напад врз американската база во Катар, најголемиот ангажман со „Патриот“ во историјата

Latest from Blog

СЕДМО МЕСТО ЗА МАКЕДОНИЈА НА ДЕТСКАТА ЕВРОВИЗИЈА Нела Манческа остави силен впечаток

Нашата претставничка Нела Манческа со песната „Miracle“ го донесе седмото место на 23. издание на детската Евровизија, кое вечерва се одржа во Тбилиси, Грузија. Победата ја однесе Франција со песната „Ce Monde“,

МВР го потврди апсењето на Стафа

Министерството за внатрешни работи го потврди апсењето на поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа. -Вечерва од страна на полициски службеници приведено е лицето Ф.С., потврдија за Курир од МВР. Од Министерството не откриваат

Танчер на Лејди Гага падна од сцената- пејачката веднаш го прекина настапот (ВИДЕО)

Падот на танчерот се случи за време на настапот на стадионот „Акор“ во Сиднеј, како дел од долгоочекуваната турнеја MAYHEM Ball, пишува „Дејли меил“. Гага го прекина настапот Сиднеј бил погоден од

Најтренд за празничната сезона: Кариран маникир кој ќе се вклопи во се’ што носите (ФОТО)

Влеговме во декември, што значи дека празниците се пред врата. Сè околу нас полека добива празничен изглед, вклучително и маникирот. Сепак, маникирот не мора да биде украсен со светки или типични празнични
Go toTop