Филипче ја исклучува можноста за коалиција со ДУИ, во ВМРО-ДПМНЕ во февруари почнува процедурата со интерни анкети

February 2, 2025
1 min read

Лидерот на СДСМ Венко Филипче вели дека нема да коалицираат со ДУИ и демантира дека имало било какви разговори со оваа партија за локалните избори. 

– Научивме една многу сериозна лекција од коалицирањето со ДУИ. Многу работи ни се удрија од глава и тоа морам да бидам искрен и да го признаеме. Дистанцата е нешто што природно дојде, како барање на членството, но и како чувство и емоција кон коалиција која не беше принципиелна, вели Филипче во интервјуто за „Радио Слободна Европа“.

Вели дека во иднина СДСМ ќе формира само принципиелни коалиции, засновани на взаемна почит и заеднички вредности.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите рече дека на почетокот на февруари ќе ја започнат процедурата со интерни анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. 

– Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности, рече Мицкоски, не откривајќи можни имиња.

Како претседател на партијата и Извршниот комитет, рече Мицкоски, го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети

Филипче ја исклучува можноста за коалиција со ДУИ, во ВМРО-ДПМНЕ во февруари почнува процедурата со интерни анкети
Лидерот на СДСМ Венко Филипче вели дека нема да коалицираат со ДУИ и демантира дека имало било какви разговори со оваа партија за локалните избори.
Од Билјана Анастасова-Костиќ
15:42, 2 февруари, 2025
Facebook
Twitter
Whatsapp
Филипче ја исклучува можноста за коалиција со ДУИ, во ВМРО-ДПМНЕ во февруари почнува процедурата со интерни анкети

Скопје, 2 февруари 2025 (МИА) – Лидерот на СДСМ Венко Филипче вели дека нема да коалицираат со ДУИ и демантира дека имало било какви разговори со оваа партија за локалните избори.

  • Научивме една многу сериозна лекција од коалицирањето со ДУИ. Многу работи ни се удрија од глава и тоа морам да бидам искрен и да го признаеме. Дистанцата е нешто што природно дојде, како барање на членството, но и како чувство и емоција кон коалиција која не беше принципиелна, вели Филипче во интервјуто за „Радио Слободна Европа“.

Вели дека во иднина СДСМ ќе формира само принципиелни коалиции, засновани на взаемна почит и заеднички вредности.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите рече дека на почетокот на февруари ќе ја започнат процедурата со интерни анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

  • Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности, рече Мицкоски, не откривајќи можни имиња.

Како претседател на партијата и Извршниот комитет, рече Мицкоски, го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мнозинството граѓани се против влезот на Македонија во ЕУ, со прифаќање на бугарските услови

Следно

Пријателите на исчезнатиот Миле Тодоров од Неготино бараат посериозна акција за негово пронаоѓање 

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop