Филипче: Без консензус нема нови имиња, за улиците во Тетово се судрија ДПМНЕ и ВРЕДИ

January 27, 2025
2 mins read

На идејата на ВРЕДИ да ги преименува улиците во Тетово, остро реагираа од СДСМ. Денеска претседателот на партијата, Венко Филипче рече дека СДСМ е против најавата за менување на улиците во Тетово потенцирајќи дека не може да се игнорира Сојузот на борци и да се бришат луѓето кои се вградиле во историјата на земјата. Филипче побара јавна дебата и да се почека резултатот од таа дебата.

„Тој процес треба да се прави само со широк консензус. Не може сериозни групи на граѓани како Сојузот на борци во Тетово да се игнорираат. Не може, поради тоа што се вложиле, се вградиле тие луѓе во градењето на историјата на оваа земја. Не може туку така некој со гума да ги избрише. Нека се отвори дебата па да видиме што ќе биде резултат на дебатата“, рече Филипче.

Најавата за преименување на улиците во Тетово од страна на градоначалникот Касами ги судри коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ. Касами пред неколку месеци рече дека е формирана комисија која треба да им даде имиња на поголем број улици во Тетово останати од времето на Југославија. Откако на ваквата идеја на Касами се спротивстави Сојузот на Борците од Тетово, но и граѓаните од македонска националност, и Владата со став дека без консензус и Бадентерово мнозинство нема да се менуваат имињата на улиците во Тетово.

Општинската организација на Сојузот на борците од НОБ од Тетово остро реагира и го предупредува градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами дека со најавената промена на имињата на улиците и отстранувањето на имињата на борците НОБ и антифашистичката војна, ќе доведе до меѓу национална нетрпеливост.

„Почитуван Билал Касами, како градоначалник на Општината, вие по Устав, закон и здрав разум, сте градоначалник во служба на сите граѓани кои живеат во општината за која сте добиле чест и доверба да ја предводите. Определувањето на имињата на улиците не е инструмент со кој можете политички да профитирате, туку е отворање на пандорината кутија од која може да излезат големи непријатности за сите. Вашата најава за промена на постоечките и определување на нови имиња дека одлучува Советот на Општината и дека верувате во политички консензус, а притоа велите дека доколку владејачката ВМРО-ДПМНЕ или која било друга македонска партија одлучи да не биде дел од процесот значи дека истите се согласиле сите улици во градот да бидат именувани според албански личности. Дополнително, додавате дека за предметната одлука воопшто не е потребно Бадентерово мнозинство. Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти во ч. 4, стр. 2 експлицитно пропишува дека Одлуката за определување на име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект на подрачјето на општината ја носи Советот со мнозинство гласови, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови на Советот кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во општината“, се вели во соопштението испратено од Сојузот на борците од Тетово до градоначалникот Касами.

Комисијата за промена на имињата на улиците сè уште не излегла официјално да ги претстави кои улици ќе бидат преименувани и кои имиња ќе добијат, но меѓу граѓаните на Тетово постои загриженост дека при изгласувањето на промената на имињата нема да се почитува Бадентеровиот принцип и дека советниците од македонска националност ќе бидат надгласани во Советот.

„Сојузот на борци во оваа прилика јавно апелира до членовите на Советот на Општина Тетово навреме, јавно да излезат со свој став против какво било преименување на улиците кои носат имиња на национални дејци од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народностите, меѓувековните борби за државност, како и на нашите сојузници од антифашистичката коалиција, како и против какво било именување на улици и инфраструктурни објекти со имиња на личности, настани и датуми кои слават фашистичка, терористичка, милитаристичка или радикална личност, односно група“, додаваат од Сојузот на борците од Тетово.

Во 2007 година беше направена првата промена на имињата на улиците во Тетово. Тогаш името на градскиот плоштад и главната сообраќајница, кои го носена името Маршал Тито беа променети во плоштад и булевар Илирија, улицата ЈНА во Дервиш Цара, улицата 29 Ноември во Мехмет паша Дерала, а нови имиња добија и повеќе други улици. Но, оваа промена сè уште не е званично одобрена од надлежните државни органи, па сега кога Општината испраќа соопштенија ги користи новите имиња на улиците, но во официјалните документи како што се лична карта, пасош, возачка дозвола и други документи уште стојат старите имиња на улиците.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Омилена веледрогерија на минатата власт под екстремно високи цени заработувале милиони во Онкологија

Следно

Мицкоски: Омилената веледрогерија на минатата власт заработувала на лекови по екстремно високи цени!

Latest from Blog

Предложен притвор за лицето во кичевско кое со секира го убил својот татко, а и нанел тешки повреди на својата мајка

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна

Македонија повторно во европската елита, обезбеди учество на континенталното првенство во ракомет во 2026

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година. По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија

Кузмановски: Сакаме да сме пример за младите, како што за нас беа Кире, Столе, Жути

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство. „Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за

Дрво падна врз автомобил во Струмица

Вечерва околу 20 часот, дрво паднало врз автомобил во Струмица, на улицата Ванчо Китанов. Регирала и противпожарната служба, и за среќа нема повредени. „Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо

Шукова: Чиста животна средина, приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 

Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на
Go toTop