Филип Милошевски дел од Конференцијата на генерални секретари на ЕХФ

March 20, 2024
1 min read

Погледите на Ракометна Европа оваа седмица ќе бидат насочени кон Копенхаген, каде раководството на ЕХФ организира неколку состаноци, а за утре е закажана и ждрепката за квалификациите за ЕП 2026.

Од денеска па се до петок ќе биде одржана и конференција на генерални секретари под на федерациите кои се наоѓаат под ЕХФ, чиј дел е и првиот оперативец на Ракометната Федерација на Македонија, Филип Милошевски.

Милошевски ќе биде дел од неколкудневниот состанок на кој ќе биде дискутирано на најразлични теми, од односи со медиумите, борбата против допингот во ракометот, ринк-конвенција за тренери, систем за натпреварување во младинските категории во иднина… се со цел да биде донесен заеднички заклучок со кој ракометот ќе продолжи да се развива како елитен спорт.

Ова е 14. ваква конференција на генералните секретари што ја организира европската куќа на ракометот, на која беа презентирани и кандидатурите за организација на наредните сениорски европски шампионати, во периодот од 2030 до 2032 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Левица ги објави носителите на листи

Следно

Ковачевски: „На едната страна е ДУИ, а на другата кандидат кој два пати ги победил“

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop