Фидан: Ниту една друга опција не може да биде алтернатива на Црноморската иницијатива за жито

August 26, 2023
2 mins read

КИЕВ (АА) – Ниту една друга опција не може да биде алтернатива на црноморската иницијатива за жито бидејќи носи ризици, изјави синоќа турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, кој престојува во официјална посета на Украина, известува Анадолу.

„Знаеме дека во моментов се бараат алтернативни начини за извозот на жито, меѓутоа, исто така гледаме дека овие начини не можат да бидат алтернатива на првобитната иницијатива и дека сами по себе носат ризици“, рече Фидан на конференцијата за новинари одржана со неговиот колега Дмитро Кулеба.

Тој додаде дека Туркије продолжува да го заживува договорот за црноморскиот коридор за жито пред неговите придобивки да бидат загубени.

Фидан истакна и дека благодарение на оваа иницијатива, повеќе од 33 милиони тони житарици и прехранбени продукти пристигнале на меѓународните пазари.

„Поради тоа, ќе продолжиме да се вклучуваме во дијалогот со сите страни на сите нивоа“, додаде турскиот шеф на дипломатија.

Русија на 17. јули го суспендираше учеството во договорот за транспортот на жито по црноморскиот коридор, истакнувајќи дека делот кој се однесува за бенефициите за Русија не е спроведен. Русија бараше попуштање на банкарските ограничувања и можност да го испорачува своето ѓубре, пред да се врати во договорот.

Москва повеќепати се жалеше дека Запад не ги исполнил своите обврски во врска со рускиот извоз на жито.

Анкара презеде интензивни напори за обнова на договорот постигнат во јули 2022 година, а истовремено ги повика Киев и Москва, со преговори да ѝ стават крај на војната.

„Заживувањето на оваа иницијатива е приоритет за Туркије. Оваа иницијатива зазема особено место за глобалната безбедност на храната и хуманитарните активности“, рече Фидан и додаде дека претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, работата ја извршува многу систематски.

Министерот Фидан им се заблагодари на Украинците за нивната конструктивна поддршка по тоа прашање.

Дмитро Кулеба, министерот за надворешни работи на Украина, изјави дека неговата земја и Туркије спроведуваат „заеднички напори за повторно започнување на иницијативата за транспортот на жито по Црното Море.“

Зборувајќи за посредничките напори на Туркије, Кулеба рече дека многу земји уште од почетокот изразиле подготвеност да преземат улога во завршувањето на војната, „Но многу малку од нив успеаја барем нешто да сторат. Најголем успех што досега го имавме всушност и припаѓа на Туркије. Мислам дека овој факт зборува сам по себе за напорите што Туркије ги вложува во мирното решавање на судирот“, додаде шефот на украинската дипломатија.

„Тие (Туркије) го докажаа својот квалитет со своите дела, а не со зборови“, истакна Кулеба.

Честитајќи ѝ ја на Украина 32. годишнината од независноста, Фидан ја повтори поддршката на Туркије за територијалниот интегритет на земјата.

„Нашите односи со нашиот стратешки партнер Украина продолжува да се подобруваат и покрај војната“, рече Фидан.

Турскиот министер ѝ се заблагодари на Украина што презема чекори за јакнење на правата на кримските Татари.

Истакнувајќи дека Туркије секогаш ќе стои покрај Украина, Фидан рече:

„Особено ќе продолжиме да го поддржуваме физичкото закрепнување на Украина.“

Кулеба рече дека со турскиот колега разговарале за НАТО, додавајќи дека унапредувањето на односите меѓу Украина и Туркије продолжува на сите нивоа.

„Туркије за нас е важна членка на НАТО“, рече Кулеба и додаде дека односите меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат.

Туркије ја призна независноста на Украина 1991 година, а билатералните односи во 2011 година добија статус на стратешко партнерство.

Анкара честопати повторува дека го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и не ја признава незаконската анексија на Крим.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На ГП „Табановце“ се чека 40 минути

Следно

ВИДЕО: Меси ангажираше личен телохранител кој го следи и на теренот, еве кој е Јасин Чуеко

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и
Go toTop