ФФМ со дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради непочитување на минута молк

March 31, 2025
1 min read

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвори дисциплинска постапка против ФК Шкендија, откако навивачите на клубот покажаа непочитување кон жртвите од трагичната несреќа во Кочани, игнорирајќи ја минутата молк.

Од ФФМ оценуваат дека овој чин претставува сериозно кршење на спортските и етичките норми и најавуваат дека ќе преземат соодветни мерки за да спречат слични инциденти во иднина.

„ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат. За вакви нелуѓе нема место во фудбалот.  Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата“, се вели во соопштението на ФФМ.

ФФМ потсетува дека пред неколку недели донесе одлука да ги испразни трибините за гостинските навивачи во Струга поради слични инциденти. Федерацијата нагласува дека ова правило ќе се применува строго и без исклучок.

Од ФФМ испратија порака дека македонскиот фудбал треба да остане простор на фер-плеј, почит и спортски дух.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ужас во Белград: Мајка си го донела синот крвав во болница, рекла дека го претепале другарите

Следно

ВИДЕО Гори автомобил на автопат Скопје – Тетово

Latest from Blog

Коњановски: Пет децении пријателство меѓу Битола и Херцег Нови, нов меморандум за заедничка иднина

Со потпишување Меморандум за потврдување на соработката и симболично садење дрво на пријателството, во Херцег Нови беа одбележани пет децении од збратимувањето со Битола. На свеченоста присуствуваше градоначалникот Тони Коњановски, кој порача

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин. „Побарав

Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)

Коен Вајли беше убиен во јуни додека седел во скутот на неговата мајка. Полицијата тврди дека возачот го возел автомобилот кон полицајците, пишува Би-Би-Си. Пукање по пријава за кражба На 14 јуни,

Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)

Коен Вајли беше убиен во јуни додека седел во скутот на неговата мајка. Полицијата тврди дека возачот го возел автомобилот кон полицајците, пишува Би-Би-Си. Пукање по пријава за кражба На 14 јуни,
Go toTop