ФФМ: Истражување за јавна перцепција 2025 – висока доверба, стабилно раководство и јасна поддршка од јавноста

December 29, 2025
1 min read

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ ги објавува резултатите од Аналитичкиот извештај за јавна перцепција 2025, изработен врз основа на независно истражување на јавното мислење, кое не е нарачано од ФФМ, а е спроведено од агенцијата „Фјучар Инвест“ согласно европските стандарди за спортска аналитика и принципите на UEFA Good Governance Framework.

Истражувањето е реализирано на репрезентативен примерок од 1.563 испитаници, преку телефонски и онлајн интервјуа, со целосна географска покриеност на Република  Македонија, во периодот од 15 ноември до 5 декември 2025 година. Анализата обезбедува мерливи, валидни и објективни податоци за ставовите на јавноста за состојбите во македонскиот фудбал, довербата во институцијата, перцепцијата за раководството, селекциите и очекувањата за развојот до 2026 година.

Висока доверба во ФФМ

Резултатите покажуваат дека 78% од испитаниците имаат висока или многу висока доверба во ФФМ, што претставува исклучително позитивен показател во контекст на јавните институции. Дополнителни 12% се со неутрален став, додека само 10% изразуваат ниско ниво на доверба. Овие податоци потврдуваат стабилен институционален кредибилитет и широка јавна поддршка.

Транспарентност и отчетност

ФФМ е високо оценета во доменот на добро управување:

– 80% сметаат дека ФФМ постапува отчетно и одговорно

– 62% од испитаниците сметаат дека Федерацијата комуницира транспарентно

– 75% ја оценуваат транспарентноста како целосна или делумна

Негативните оценки во овој сегмент се движат меѓу 6 и 8%, што е значително под европскиот просек.

Перцепција за претседателот Масар Омерагиќ

Јавната поддршка за претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, е исклучително висока:

– 89% ја оценуваат неговата работа како добра или многу добра

– 57% ја оценуваат лидерската способност како многу висока

– 52% сметаат дека обезбедува многу стабилно управување

Негативните оценки се под 2%, што укажува на силен легитимитет и стабилност во раководењето – еден од клучните индикатори на УЕФА.

Интегритет и фер-игра

Истражувањето покажува исклучително позитивна перцепција за регуларноста и интегритетот:

– 86% сметаат дека ФФМ ги почитува принципите на фер-игра

– 76% веруваат дека натпреварите се секогаш или често регуларни

– Само 3% имаат негативна перцепција

Овие резултати ја позиционираат Македонија над регионалниот просек во овој сегмент.

Селектор и младински систем

Перцепцијата за тогашниот селектор е поделена, што укажува на висок јавен интерес и очекувања:

– 39% позитивни оценки

– 19% неутрални

– 42% негативни

Истовремено, 50% од испитаниците се задоволни од развојот на младинските категории, а 76% сметаат дека ФФМ инвестира во развојниот фудбал, што претставува силна основа за идни програми и реформи.

Домашна лига и клубови

– 60% позитивно го оценуваат квалитетот на домашната лига

– 40% позитивно ги оценуваат клубовите, со доминација на неутрални ставови

Овие резултати ја нагласуваат потребата од понатамошни инвестиции во инфраструктура, младински школи и професионализација.

Очекувања за 2026 година

Јавноста покажува умерен оптимизам:

– 48% очекуваат напредок

 -34% очекуваат континуитет

– 18% предвидуваат пад

Јасна поддршка за стратешкиот правец

Во однос на долгорочните политики:

– 71% веруваат дека тековните политики водат кон напредок

– 75% се задоволни од стратешкиот правец

– 87% би ја поддржале ФФМ и во наредните 12 месеци

Истражувањето потврдува дека ФФМ ужива висока доверба, стабилна јавна поддршка и позитивна перцепција во клучните сегменти на управување, интегритет и визија. Овие наоди претставуваат цврста основа за понатамошен развој на македонскиот фудбал, унапредување на институционалните процеси и зајакнување на меѓународниот кредибилитет на Федерацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Следно

Единсон Кавани стави крај на кариерата: Ги остварив соништата кои изгледаа невозможни

Latest from Blog

Касами најави нова фаза во ВЛЕН по распуштањето на партиското раководство на БЕСА

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови донесе одлука за распуштање на Централното претседателство на партијата, во рамки на процесот за спојување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Претседателот на

Руте: Земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Марк Руте, по завршувањето на денешниот состанок на министрите за одбрана во Брисел, изјави дека земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната, неопходна за

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција

Од утре 13.02.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за

Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан

Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во
Go toTop