Фетаи тврди дека АА е дел од ВРЕДИ, Таравари му дијагностицираше анксиозност

May 25, 2025
1 min read

Алијанса за Албанците продолжува да биде рамноправен партнер во коалицијата Вреди, тврди Арбен Фетаи. Тој не ја признава одлуката на партиското Собрание на Алијанса за негово разрешување, по иницијатива на претседателот на партијата, Арбен Таравари. Според Фетаи, стариот режим ги правел последните обиди да ја затемни надежта за промени, но тие нема да се откажат од целите и покрај дестабилизирачките сценарија.

„Имам многу едноставна порака за мојот претседател, г. Арбен Таравари, јас куферите ги земав за да дојдам од Белгија, и не мрдам од овде, ќе останеме, ќе ја водиме битката што ја ветивме, за која како коалиција ВРЕДИ добивме 170 илјади гласа. Ним им посакуваме да се освестат, да не продолжат со оваа Артанизација, доближувањето до ДУИ за жал ги води кон таа Артанизација.“, изјави Фетаи.

Експресен одговор пристигна од Таравари по, како што соопшти, прес-конференцијата на Фетаи и неговата група помала од 40 луѓе.

„Анксиозноста е најлошото чувство што човек може да го доживее… особено кога е измешано со вина! Продолжуваме уште посмирено и посигурно од кога било кон победата во октомври, која е блиску… многу блиску!“, рече Таравари.

Меѓу членовите на Алијанса кои решија да продолжат со Вреди, беше и Азир Алиу кој не сакаше да ги потврди информациите дека ќе го замени Таравари како министер за здравство.

„Се уште не е разговарано на таа тема. Најверојатно деновиве, бидејќи ние во овој период бевме многу активни.“, вели Алиу.

Алиу нагласи дека промените се носат од местото каде што се носат одлуките, а да се биде во опозиција е секогаш полесно, особено пред избори.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска најавува фељтон за градски криминал: „Ќе објавам сè – со имиња, аргументи и докази!“

Следно

Израелската војска контролира 77 % од Газа, објави прес-службата

Latest from Blog

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop