Фетаи со обраќање на Глобалната конференција на ООН за мерење на корупцијата

December 3, 2025
1 min read

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, се обрати на Глобалната конференција на ООН за користење на податоците во мерењето на корупцијата, која се одржува во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Настанот ги обединува високи претставници на земјите-членки, меѓународни организации и експерти од областа.

Во своето обраќање, заменик-претседателот Фетаи истакна дека борбата против корупцијата бара пристап заснован на факти, јасни листи на ризици и постојана институционална будност. Потенцирајќи ја важноста на точните и доверливи податоци, тој нагласи дека „Корупцијата не се бори со претпоставки, со интуиција или со повремени интервенции, туку со факти, со институционална будност и со непоколеблива посветеност на јавниот интерес“.

Во овој контекст, Фетаи додаде дека „Податоците не се само технички инструмент, туку и демократски инструмент кој ја зајакнува надзорната функција, ја насочува јавната дебата и го зацврстува општествениот договор меѓу државата и граѓанинот“.

Заменик-претседателот нагласи дека Република Северна Македонија останува посветена на зајакнувањето на институционалниот интегритет и усвојувањето на меѓународните стандарди за мерење на корупцијата, како дел од агендата за добро владеење и модернизацијата на јавната администрација.

Учество на владината делегација на оваа Конференција претставува значајна можност за размена на искуства и зајакнување на соработката со меѓународните партнери во заедничката борба против корупцијата и во изградбата на потранспарентни и поодржливи институции.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Халанд по историскиот момент: Мојата работа е да постигнувам голови

Следно

Моќен почеток на 2026 година за ОВИЕ ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ

Latest from Blog

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на

Проданоски: Заедно со граѓаните ги утврдуваме приоритетите за Буџетот за 2027 година

Општина Прилеп започнува средби со граѓаните во рамките на консултациите за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски ги повика жителите активно да се вклучат со предлози и идеи

Масакр по комеморација во Јужна Африка: Четворица загинати, меѓу повредените има и дете

Осомничениот напаѓач е во притвор откако се предал на полицијата, пренесе АП. Пукањето се случило доцна синоќа, а меѓу повредените има и дете. Полицијата првично извести дека двајца мажи загинале на самото

Јамал брутално му одговори на Лемина, но ја исполни и желбата на неговите деца (Фото)

Ламин Јамал му одговори на Марио Лемина по нивниот вербален дуел на натпреварот меѓу Галатасарај и Барселона во Лигата на шампионите, но фудбалерот на турскиот тим подоцна ги смири страстите со порака

„Каде е факелот за Груби?“ – ВЛЕН со порака до Ахмети и врвот на ДУИ

ВЛЕН упати критики до раководството на ДУИ по излегувањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби од куќен притвор, оценувајќи дека престанокот на оваа мерка не значи и крај на судската постапка против него.
Go toTop