Screenshot

ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем

February 9, 2026
1 min read

Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.

Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.

Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.

 

 

 ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?

ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:

• Кабинетски батерии

• Контејнерски батериски системи

Овие системи:
Со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.

Совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.

РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА

За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:

Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка

Фотонапонска електрана Тркање –10,5MWh/4,5MW, Кочани

Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.

КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ

ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:

• изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање

• проектирање на батерискиот систем

• испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен

• пуштање на батеријата во работа

• програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите

• 24/7 мониторинг на батерискиот систем

• одржување на батерискиот систем

• приклучување во нашата балансна група

• откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија

ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ

Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:

02/5122   809

075 277 354

[email protected]

[email protected]

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо правда, служело за политички потреби на СДС

Следно

Дводневна посета на Париз: Македонија ги зајакнува заложбите за Охрид во УНЕСКО

Latest from Blog

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни

Речиси 5.000 прекршоци преку „Сејф сити“ за една недела, изречени 288 забрани за возење

Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 02-ри до 08-ми февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно

Дводневна посета на Париз: Македонија ги зајакнува заложбите за Охрид во УНЕСКО

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо правда, служело за политички потреби на СДС

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Што е деновиве актуелно од расипништвото на
Go toTop