Фернандез: Не сум сигурен дека Шпанија ќе биде светски шампион оваа година

August 22, 2023
1 min read

Ветеранот на шпанската репрезентација Руди Фернандез искрено призна дека не го смета тимот за фаворит за освојување на Светското кошаркарско првенство кое започнува на 25 август.

-Ќе бидам крајно искрен и транспарентен. Не сакам ова да биде погрешно разбрано, но не сум сигурен дека Шпанија повторно ќе биде светски шампион оваа година. Секако дека ќе работиме и ќе се залагаме за ова. Минатото лето, исто така, не очекував дека ќе го освоиме Евробаскетот. Но, тоа се случи, како и во 2019 година (Шпанија стана светски шампион). Парчињата од сложувалката се вклопуваат во јасна слика, имате можност. Тоа се случува во спортот. Ако успеете да ја искористите вашата шанса, можете да победите. Никој не не нарече фаворити на Евробаскетот, но секој пат игравме подобро. На ова Светско првенство треба да ги разбереме нашите грешки и да се обидеме да ги исправиме. Велат дека можеме да бидеме меѓу петте најдобри селекции на Мундијалот. Со оглед на тимовите кои учествуваат – Франција, Германија, Канада, САД, Словенија – нема да изгледа толку лошо, рече Фернандез.

На претстојното Европско првенство Шпанија ќе игра во Г-групата заедно со селекциите на Иран, Брегот на Слоновата Коска и Бразил. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Македонската секција на Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ изрази поддршка за Манчевски

Следно

Вучиќ: Ковачевски остро реагираше за Курти – за опозицијата тоа е антиевропска политика и потчинетост кон Србија

Latest from Blog

Сите надлежни институции да постапат итно и безмилосно: Сведочиме на ужас кој не смее да се повтори – се користат сите расположливи сили

❗️Почитувани сограѓани, скопјани, во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани! 🫡 Од самиот почеток,

Ѓорѓиевски со екипите на лице место: Сите сили во борба со разгорениот пожар

Скопје се соочува со сериозен пожар кој моментално ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со своите колеги Бобан и Дејан, е на терен од самиот почеток

Видео: „Чудни“ женски панталони

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика лавина од реакции – и тоа е поради деталите на детските женски панталони од малопродажниот синџир Target USA. Наместо да привлечат внимание поради нивниот
Go toTop