Фергусон му посака добредојде на Клоп во „Клубот 1000“

January 21, 2023
1 min read

Легендата на англискиот фудбал и долгогодишен менаџер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон, му честиташе на Јирген Клоп што стигна до 1.000 натпревари како менаџер.

Натпреварот на Ливерпул против Челзи во 21. коло од Премиер лигата ќе биде јубилеен за германскиот стручњак.

– Среќен сум што можам да му посакам добредојде на Јирген Клоп во Клубот 1000. Јирген е несомнено еден од најнадарените тренери во светскиот фудбал и посветеноста и страста што Јирген ги носи на оваа улога се инспирација за сите кои се стремат кон кариера во фудбалскиот тренер. Многуте трофеи што веќе ги освои во кариерата, вклучително и Лигата на шампионите и Премиер лигата во последните сезони со Ливерпул, го потврдуваат неговиот статус меѓу фудбалската елита, изјави Сер Алекс Фергусон.

На чело на Ливерпул Клоп забележа 410 настапи, 319 со Борусија Дортмунд и 270 со Мајнц. Денешниот од 13:30 против Челзи во Премие рлигата ќе биде 1.000-ти за Германецот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалникот на Илинден се сретна со пратеник и заменик градоначалник од Србија

Следно

Укинати забраните за камиони на Стража и Пресека, еве каква е состојбата на патиштата во Македонија

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop