Федерациите бараат вонредно собрание на МОК и разрешување на Димевски

January 11, 2024
1 min read

Повеќе од половина членови на Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, се потпишани за официјалното барање за свикување Вонредно Собрание на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија.

– Истото е поднесено согласно член 24, ставовите 3 и 4 од Законот за зруженија и фондации, и врз основа на член 29 став 3 од Статутот на Олимпискиот Комитет на Сереверна Македонија. На барањето на свикување на Вонредно Собрание на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија потпишани се 26 (дваесет и шест) федерации и 5 (пет) индивидулани членови од Собранието, соопштија иницијаторите.

Барањето за свикување Вонредно Собрание кое пред два дена е примено во архивата на Олимпискиот комитет на Северна Македонија ги содржи следните точки на Дневен ред:

1. Разрешување на Даниел Димевски, актуелен Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Северна Македонија
2. Избор на нов Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Северна Македонија
3. Разрешување на актуелниот состав на Управниот одбор на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија
4. Избор на нов состав на Управен одбор на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија
5. Разно.

Помеѓу националните федерации кои се потпишани на барањето за смена на Димевски се и најголемите, Фудбалската федерација на Македонија, Ракометната федерација на Македонија и Кошаркарската федерација на Северна Македонија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Новите пасоши може да се одложат со закон или со времена мерка на Уставниот суд

Следно

ВИДЕО: Сите гледале во бујното деколте на една од најзгодните жени во светот кога се појавила во ова издание

Latest from Blog

НОВИ УСЛОВИ ЗА СТРАЦИТЕ ДА РАБОТАТ ВО ХРВАТСКА, еве колку дозволи има за Македонците

Хрватска воведува значајни промени во системот за вработување на странски работници со цел воспоставување подобра контрола, намалување на нелојалната конкуренција и сузбивање на нелегалните практики, објави ХРТ. Измените на Законот за странци

Брачен пар загина во Токио откако остана заробен во сауна зафатена од пожар

Брачен пар почина во Токио откако пред три дена останаа заробени во приватна сауна зафатена од пожар. Трагедијата се случила во градската област Акасака, а полицијата истражува низа сомнителни околности, пишува BBC.

Тошковски за „Сејф сити“: Веќе сега на Клиниката за трауматологија има 20 отсто помалку пациенти со тешки телесни повреди

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува поддршка од пратениците за измените на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик, коишто се последните од пакетот законски измени за официјалната примена на системот
Go toTop