Фазлиу: Молкот на ДУИ не ја крие аферата со „АС Сењак“ – време е за институционална одговорност

October 4, 2025
1 min read

Коалицијата Вреди денеска официјално поднесе иницијатива до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), барајќи истрага за наводната афера околу фирмата „АС Сењак“ и поврзаноста на политичката елита на ДУИ со српската држава.

„Мислеа дека ако молчат, вистината ќе исчезне. Мислеа дека ако ги игнорираат фактите, народот ќе заборави. Но, се излажаа. Ние не забораваме, а од денес оваа афера добива и институционална димензија,“ изјави Беким Фазлиу, претставник на коалицијата Вреди.

Според Фазлиу, аферата се однесува на продажбата на акции од фамилијата на Али Ахмети преку „АС Сењак“ на Алта Банка од Белград, банка што е под контрола на српскиот претседател Александар Вучиќ. Истите акции, додава тој, претходно биле купени од поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, што го потврдува постоењето на „криминална оска“ меѓу Мијалков, Ахмети и Вучиќ.

„Фирмата „АС Сењак“ функционира како проточен бојлер за перење пари од тендери доделени од институции на ДУИ, за потоа да се тргува со пари и акции зад грбот на граѓаните. Ова не е бизнис, туку предавство на националните интереси,“ додаде Фазлиу.

Во иницијативата, Вреди бара од ДКСК да истражи:

  1. Дали Али Ахмети и функционери на ДУИ ја злоупотребиле службената положба и политичкото влијание за реализација на зделката.
  2. Каква е позадината на финансиските трансакции помеѓу фирмата на Мијалков и фамилијата на Ахмети.
  3. Дали тендерот од 1,5 милион евра, доделен на „АС Сењак“ само шест дена по продажбата, е награда за политичка услуга.
  4. Дали оваа операција го загрозува националниот интерес и финансиската стабилност на државата.

„Ова е тест за институциите. ДКСК треба да покаже дали работи за граѓаните или е само декор на криминалната власт. Нивниот молк нема да нè спречи. Вистината ќе излезе на виделина, а правдата ќе ги стигне сите инволвирани во оваа антидржавна афера,“ истакна Фазлиу.

Иницијативата на Вреди доаѓа по петти ден молк од ДУИ и Али Ахмети, што, според Фазлиу, е „најгласното признавање на вината во оваа афера“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Тројца загинати во катастрофалните поплави во западна Бугарија

Следно

Стаменкоска Трајкоска: Заедно ќе создадеме уште подобри услови за нашите најмили – дечињата во градинките

Latest from Blog

Јунајтед и Арсенал со домашни победи

Тимот на Манчестер Јунајтед им се врати на победите откако предмалку на свој терен го совлада Сандерленд со конечни 2:0. Мејсон Маунт по само осум минути игра го отвори резултатот и му

Стаменкоска Трајкоска: Заедно ќе создадеме уште подобри услови за нашите најмили – дечињата во градинките

Кандидатката за градоначалничка на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денес беше на кафе-дружба со родителите на нашите најмили и најмали дечиња во градинките. -Покрај големата благодарност за сè досега направено од градоначалникот

Тројца загинати во катастрофалните поплави во западна Бугарија

Страшно невреме го погоди бугарското приморје, при што загинаа три лица, а властите прогласија вонредна состојба во општините Несебар и Царево. Во североисточниот дел од земјата и денеска е прогласен жолт аларлм
Go toTop