Фасада се урна од зграда во Козле – избегната трагедија

July 9, 2025
1 min read

Дел од фасадата на десеткатница денеска се урна во скопската населба Козле, на улицата „Јуриј Гагарин“, во општина Карпош.

Инцидентот се случил во текот на денот, а за среќа во моментот под зградата немало минувачи, па нема повредени лица. Жителите на околните згради ја пријавиле случката, по што на терен веднаш излегле инспектори од надлежните служби.

Според првичните информации, паднатиот дел од фасадата предизвикал материјална штета, но причините за оштетувањето сè уште се испитуваат. Инспекциските служби вршат увид и ќе треба да утврдат дали постојат ризици од дополнителни оштетувања на објектот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила

Следно

МЗ: Формирани дополнителни медицински тимови, обезбедени дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop