Фајзер ја дискредитираше фармацевтската индустрија

April 10, 2024
1 min read

Британскиот фармацевтски воч-дог го обвини Фајзер дека ја дискредитирал  фармацевтската индустрија зашто негови високи шефови ги злоупотребувале социјалните мрежи за да промовираат „нелиценцирана“ ковид вакцина.

Утврдено е дека копанијата го прекршила регулаторниот код пет пати, вклучувајќи погрешни и заведувачки тврдења, неодржување високи стандарди и промовирање на нелиценцирани лекови.

Пресудата на фармацевтското надзорно тело, Управата за кодекс на пракса за лекови на рецепт се однесува на конкретна жалба за твит од ноември 2020 година од страна на врвот на Фајзер.

„Нашиот кандидат за вакцина е 95 отсто ефективен во спречувањето на ковид-19 и 94 отсто ефикасен кај луѓе постари од 65 години“, гласеше твитот на медицинскиот директор на Фајзер, д-р Беркли Филипс, кој после го ретвитаа високи функционери во компанијата.

Ваква порака содржи „лимитирани“ информации за ефикасноста на вакцината, нема безбедносни информации или упатување на референци за несакани последици, пресуди надзорното тело.

Фајзер ја прифати пресудата и рече дека жали заради ова.

Меѓутоа, ова е шести пат како Фајзер добива опомена од регулаторот поради нејзината промоција на ковид вакцината. Една одлука од ноември 2022 година, покажа дека главниот извршен директор  дал „лажни“ изјави за вакцините за деца.

За најновата серија прекршувања, на Фајзер му се наплатени саамо административни трошоци од 34.800 фунти.

„Зачудувачки е колку пати високите директори на Фајзер беа прогласени за виновни за сериозни регулаторни прекршоци а последиците по Фајзер стануваат сè посмешни. Овој безнадежен систем на регулатива на индустријата која решава за живот и смрт а вреди милијарди долари очајно има потреба од реформи“, вели Бен Кингсли од здружението UsForThem.

Претходно пренесовме дека Американската федерална агенција за храна и лекови, се согласи да ги избрише своите постови објавени на социјални мрежи на кои јадеше бабури против ивермектинот.

Toa не го пропушти Џо Роган за да им се насере на CNN и другите кои ја водеа црната кампања.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинителството од Корча бара од македонските власти соработка во истрагата за двојно убиство

Следно

Натпревари на ЛОИ 2024 може да бидат откажани поради загадувањето на Сена

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop