Фајон потврди дека осомничените за шпионажа во Словенија се членови на руската разузнавачка служба

February 1, 2023
1 min read

Како што претходно објави РТВ Словенија, а подоцна потврди и министерката за надворешни работи Тања Фајон, станува збор за агенти на руската разузнавачка служба. Неофицијално, РТВ Словенија дознава дека двајцата уапсени собирале општи информации за настаните во земјата, но и дека двајцата биле руски државјани и покрај нивните аргентински пасоши

Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон потврди дека двајцата странски државјани кои се осомничени за шпионажа и беа уапсени се агенти на руска разузнавачка служба. 

Тања Фајон, министерка за надворешни работи на Словенија

„Во тек е официјална истрага. Осомничени се за дејствување против националните интереси на Република Словенија и според последните информации се членови на руска разузнавачка служба“,

изјави министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

Словенечката радио-телевизија објави дека уапсените се жена и маж на 39-годишна возраст кои живееле во изнајмена куќа во Љубљана. Сопственикот на куќата во која живееле осомничените не сакал да зборува пред камерите на словенечката телевизија, но во телефонски разговор со нив рекол дека со двојката се сретнал лично и дека немал никакви проблеми со нив.

Како што претходно објави РТВ Словенија, а подоцна потврди и министерката за надворешни работи Тања Фајон, станува збор за агенти на руска разузнавачка служба. Неофицијално, РТВ Словенија дознава дека двајцата уапсени собирале општи информации за настаните во земјата, но и дека двајцата биле руски државјани и покрај нивните аргентински пасоши.

Доколку бидат прогласени за виновни, на осомничените им се закануваат вкупно осум години затвор.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе се проширува малиот и опасен пешачки остров во Аеродром

Следно

Маж убил девојка во станот на својата баба, поради тоа што го направила старицата и таа е уапсена

Latest from Blog

Николоски од Прилеп: На 11 Октомври македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Протекоа имиња на луѓе што Русите сакаат да ги ликвидираат. Една „мета“ на атентат неодамна беше во Загреб

Европските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија ги засилува напорите за атентат врз раководителите на одбранбените компании, поради што компаниите ги зголемуваат безбедносните мерки за своите врвни луѓе. Според информациите од претставници на
Go toTop