Фајон: Без Уставен суд ќе бидат доведени во прашање и претседателските избори во Црна Гора

January 26, 2023
1 min read

Доколку Црна Гора сака да го почитува владеењето на правото и да излезе од политичката и институционалната криза, првиот чекор е комплетирање на Уставниот суд, порача министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

„Во спротивно, легитимитетот на претседателските избори е доведен во прашање“, додаде таа за ТВЦГ.

Според неа, Европската унија не сака да и сврти грб на Црна Гора, Западен Балкан е дел од Европа, но пред изборот на судии, „политичарите мора да покажат дека се одговорни“.

„Ако се изберат еден или двајца судии, тоа нема да биде најдобра порака, но судот ќе биде функционален. Одговорноста на политичарите е да излезат од овој формат ‘кој ќе биде кој’, но да создадат функционален и независен суд. Има 27 кандидати, што е одлично бидејќи има поголем број од претходните кругови и сигурна сум дека има доволно експерти за да се изберат четворица судии“, рече Фајон.

Таа истакна дека политичарите во Црна Гора имаат голема одговорност пред се кон граѓаните.

„Не сум сигурна дека ЕУ сега би ги прекинала преговорите, тоа е само една од можностите“, рече словенечката министерка.

На прашањето што би значело евентуалното прекинување на преговорите со Европската унија за Црна Гора, Фајон одговори дека таа сигурно не е некој што сака ЕУ да и сврти грб на Црна Гора.

„Можеби вртењето грб би им одговарало на некои партии, но не и на 70 отсто од граѓаните. Не сме во ситуација Европската унија да ги прекине преговорите, тоа е само една можност. Црна Гора добива разни фондови, ние сакаме да и помагаме на Црна Гора, но во последните седум-осум години нема напредок и тоа е нешто што не загрижува“, рече таа.

Фајон посочи дека речиси сите во ЕУ се едногласни кога е во прашање политичката и институционалната криза во Црна Гора.

„Доколку сакаме да дојдеме во ситуација да можеме да разговараме како да одиме напред, потребна ни е согласност. Доаѓам во Црна Гора за да направиме одреден напредок, за Европската унија да не го сврти грбот, односно Црна Гора не скршнува од патот“, изјави Фајон.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Тенковите од западните сојузници мора да бидат испорачани што побрзо 

Следно

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, застои нема

Latest from Blog

Кога љубовта ќе заврши, милијардите остануваат НАЈСКАПИОТ РАЗВОД ДОСЕГА

По 27 години брак, Мелинда Гејтс, според достапните податоци, добила вкупна исплата од дури 76 милијарди долари по разводот од Бил Гејтс. Хуманитарната фондација на Мелинда Гејтс тивко примила огромна донација од

ЛШ: Ливерпул триумфално на „Велодром“, Јуве, Барса, Челзи и Барса „лапнаа“ по три бода

Англискиот шампион Ливерпул се враќа со голема победа од Франција, каде вечерва во претпоследното коло од Лигата на шампионите славеше со 3:0 над екипата на Олимпик Марсеј. Со головите на Собослаи (45′),

Коњановски: Сите улици во Битола се проодни – Сообраќајот се одвива непречено (ВИДЕО)

По снежните врнежи што ја зафатија Битола во текот на денешниот ден, сите улици во градот се целосно проодни, а сообраќајот се одвива непречено, информира градоначалникот Тони Коњановски преку социјалните мрежи. Во

Кој е ликот со прекар ПОКРОВИТЕЛ – ШЕФ НА БАЛКАНСКИОТ НАРКО КЛАН?

На Youtube каналот „Amazing Europe“ можете да видите листа од десет земји со најголемо присуство на мафијата и организираниот криминал. Иако Италија е генерално првата асоцијација со мафијата, истражувањата покажаа дека Турција
Go toTop