Европскиот совет усвои програма за заем од 150 милијарди евра за зајакнување на одбранбениот сектор на блокот

May 27, 2025
1 min read

АТИНА (АА) – Европскиот совет денес усвои програма за заем од 150 милијарди евра со цел зајакнување на одбранбениот сектор на блокот, јавува Анадолу.

Станува збор за нова финансиска програма наречена Акција за безбедност за Европа (САФЕ), што ќе им помогне на земјите членки да инвестираат во одбранбено-индустриското производство преку заеднички јавни набавки, соопшти Советот на ЕУ.

„Целта е да се зголеми капацитетот за производство, да се обезбеди одбранбена опрема кога ќе биде потребна и да се надминат постојните недостатоци во капацитетите – сето тоа со цел да се зајакне вкупната подготвеност на ЕУ во сферата на одбраната“, се наведува во соопштението.

Советот нагласува дека новата програма ќе финансира итни и големи инвестиции во европската одбранбена технологија и индустрија.

„Ја усвоивме првата голема инвестициска програма за одбрана на ниво на ЕУ“, изјави полскиот министер за ЕУ, Адам Шлапка.

„Колку повеќе инвестираме во нашата безбедност и одбрана, толку повеќе ги одвраќаме оние што сакаат да ни наштетат.“

– Надвор од блокот –

Според Советот, САФЕ ќе помогне и во понатамошната поддршка на Украина во нејзината борба против Русија.

Во рамките на програмата, Украина и земјите членки на Европската економска област – како Исланд и Норвешка – ќе бидат третирани на исто ниво како земјите членки на ЕУ.

„Тие не само што ќе можат да учествуваат во заеднички набавки, туку ќе биде можно и да се набавува опрема од нивните индустрии“, се додава во соопштението.

Договорите за набавка ќе мора да осигурат дека трошоците за компоненти од овие земји не надминуваат 35 отсто од проценетата вредност.

Програмата САФЕ предвидува можност за заеднички набавки и со други земји. Советот наведува дека ќе можат да учествуваат и земји што се приклучуваат на ЕУ, кандидатски земји, потенцијални кандидати, како и држави што имаат потпишано партнерства за безбедност и одбрана со ЕУ – вклучително и Обединетото Кралство.

Програмата ќе може да се прошири и на други земји преку нови билатерални или мултилатерални договори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фетаи го презема делот на Таравари во Владата – Меџити: Ќе предложиме имиња за слободните позиции овие денови

Следно

Рамос го повика Роналдо да се пресели во Монтереј

Latest from Blog

„Меморија“ низ музички времеплов во МКЦ: Прес, изложба на фотографии (1983-2025) и „Аll stars“ концерт

Легендарната македонска поп-рок група „Меморија“ по досега најголемиот македонски концертен спектакл во арената „Борис Трајковски“ минатата година, реши со двојно изненадување да ги почести своите најверни фанови пред да ја заокружи 2025

Нова теорија: Вулканска ерупција предизвикала домино-ефект и ја донела чумата од 14 век во Европа

 Со предизвикување постуден  период на Медитеранот, ерупцијата создала домино-ефект што довел до уништување на земјоделските производи, поради што трговците биле принудени да увезуваат жито преку Црното Море, а со тоа и да

Ужасни вести од Јужна Америка: Убиство на репрезентативец на Еквадор

Трагични вести пристигнуваат од Јужна Америка. Еквадорската полиција соопшти дека во вооружена престрелка убиен е 33. годишниот Марио Пинеида инаку фудбалски репрезентативец на оваа земја, кој што во моментов беше дел од

Промовиран „Еко-иновациски хаб“ на Економскиот факултет – Прилеп: образование, иновации и циркуларна економија во пракса

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес присуствуваше и се обрати на завршниот настан на проектот „Еко-иновациски хаб“, кој се реализираше со поддршка на Министерството за животна средина
Go toTop