Европскиот совет ја повтори поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина

October 17, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Европскиот совет денес ја повтори својата континуирана поддршка за Украина, нагласувајќи дека „не може да се преземе иницијатива за Украина без Украина“, јавува Анадолу.

Ова е порачано по состанокот на Советот во Брисел, на којшто присуствуваше и украинскиот претседател Владимир Зеленски за да го претстави својот „план за победа“ составен од пет точки.

„Европскиот совет се осврна на руската војна на агресија врз Украина во сите нејзини димензии и го разгледа напредокот во сеопфатната поддршка на Унијата за Украина и за нејзиниот народ во услови кога Украина го користи своето право на самоодбрана“, се наведува во соопштението објавено по состанокот.

Повторувајќи ја својата „одлучна осуда“ на руската војна во Украина, лидерите, исто така, ја потврдија нивната континуирана поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

„Советот, исто така, ја потврдува непоколебливата посветеност на Европската Унија за обезбедување континуирана политичка, финансиска, економска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка на Украина и нејзиниот народ додека е потребно, и интензивно колку што е потребно“, се наведува во соопштението.


Европскиот совет, исто така, повика на „брзо зајакнување на воената поддршка и забрзување на нејзината испорака, особено системите за противвоздушна одбрана, муниција и ракети, кои се итно потребни за заштита на населението на Украина и клучната енергетска инфраструктура“, се додава во соопштението.


Советот ја истакна важноста од исполнување на заложбата преземена на Самитот на Г7 во Апулија во јуни, за обезбедување, заедно со партнерите од Г7, речиси 45 милијарди евра до крајот на годината за поддршка на моменталната и идната војска, буџетот и потребите за обнова на Украина.

„Согласно правото на ЕУ, средствата на Русија треба да останат имобилизирани додека Русија не престане со својата војна на агресија во Украина и не ја надомести штетата предизвикана од оваа војна“, се нагласува во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти, вели премиерот Мицкоски

Следно

ОД РУБРИКАТА „ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ“ ИЗДВОЈУВАМЕ: 16 голови паднаа на фудбалски натпревар во Албанија (ФОТО)

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop