Европската Унија испраќа висока дипломатска делегација во Дамаск

December 16, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Каја Калас, денес изјави дека го задолжила највисокиот дипломат на Блокот во Сирија да замине во Дамаск и да оствари контакти со новата сириска администрација, јавува Анадолу.

„Го задолжив европскиот висок дипломат за Сирија да оди во Дамаск за да воспостави контакти со новите власти и луѓето таму“, изјави Калас пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

„Нашиот дипломат во Сирија денеска ќе оди во Дамаск“, додаде Калас.

Во меѓувреме, таа рече дека министрите за надворешни работи на Блокот на денешната средба во Брисел ќе разговараат како и на кое ниво ќе се ангажираат со новото раководство на Сирија.

Потсетувајќи на саботните состаноци во Јордан со арапските нации, Туркије и САД за ова прашање, таа рече: „Многу е важно регионалните актери, како и меѓународните актери да ја видат сликата на ист начин и да сакаат оваа земја да биде стабилна и мирна“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Онкологија од денеска ги има биолошките лекови што недостигаа

Следно

Викендов во Скопје беше спуштена завесата на државните првенства во снукер

Latest from Blog

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија –

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го
Go toTop