Европската политичка заедница се состанува во Будимпешта на разговори за главните глобални прашања

November 7, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Европските лидери денес ќе се соберат на петтиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што започнува во Будимпешта, Унгарија, на кој ќе разговараат за глобалните прашања, меѓу кои се и Украина и Блискиот Исток, јавува Анадолу.

Домаќин на самитот ќе биде унгарскиот премиер Виктор Орбан, а присутните ќе разговараат и за нерегуларната миграција и прашањата поврзани со економската безбедност на Европа.

Официјални претставници од земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и други земји се очекува да разговараат и за односите меѓу ЕУ и САД по победата на поранешниот претседател Доналд Трамп на изборите за втор претседателски мандат.

По средбата Орбан и неговиот албански колега Еди Рама ќе одржат прес-конференција.

Европската политичка заедница е основана во 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

До сабота сончево, потоа облачно и постудено со повремен дожд, а на повисоките места и снег

Следно

Артета се пожали на романскиот судија по поразот од Интер

Latest from Blog

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски

Николоски: Ќе се реконструира целиот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско Брдо

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на
Go toTop