Европската комисија предлага воведување дигитално евро, банките загрижени

June 28, 2023
2 mins read

Дигиталното евро ги загрижува банките, кои стравуваат од можна голема загуба на приходите доколку поединците почнат масовно да ги повлекуваат своите депозити од нивните сметки и да ги претвораат во дигитално евро, кое, за разлика од банкнотите и монетите, не би било во нивните биланси. Затоа, Комисијата предлага да се ограничи износот што секој поединец може да го држи во дигитална валута

Европската комисија денеска предложи воспоставување рамка за можно воведување дигитално евро и предлог да се обезбеди задолжително прифаќање на готовинските плаќања со цел да се отфрли стравот на многумина дека дигиталната валута може целосно да ја замени готовината. Комисијата, исто така, предложи дигиталното евро, нематеријална валута, да добие статус на законско средство за плаќање во еврозоната, а моментално само банкнотите и монетите на еврото го имаат тој статус.

„Денешните предлози, исто така, ќе гарантираат дека готовината ќе остане целосно достапна, истовремено дозволувајќи и на Европската централна банка да ги развие практичните аспекти на дигиталното евро со текот на времето“,

рече извршниот потпретседател на Комисијата, Валдис Домбровскис.

Тој додаде дека дигиталните плаќања во евра ќе бидат безбедни и сигурни, инстант и практични – онлајн и офлајн.

Воведување до 2028 година

Дигиталното евро би ги понудило можностите што ги даваат картичките и апликациите и денес, но и плаќање без пристап до интернет, што не е можно со картички или мобилни апликации. „Офлајн“ дигиталното евро ќе овозможи трансакции дури и без интернет-врска доколку другата страна во трансакцијата е физички блиску, било да е тоа лице или продавница. Ова исто така би овозможило плаќање во оддалечени области со несигурна интернет-врска и во случај на недостиг на комуникациски мрежи или прекини на струја.

Законодавните тела во ЕУ, Советот и Парламентот се одговорни за донесување на правната рамка, но конечната одлука за воведување на дигиталното евро ја носи Европската централна банка. Комисијата наведува дека ќе бидат потребни неколку години за да се воведе дигитално евро, во секој случај тоа нема да се случи пред 2028 година.

Дигиталното евро исто така би било еквивалентно на готовина. За разлика од крипто-средствата, дигиталните евра ќе бидат пари на централната банка. Европската централна банка би гарантирала дека се безбедни, дека дигиталното евро има стабилна вредност и дека може да се замени по номинална вредност за евра готовина. Спротивно на тоа, крипто-средствата може значително да флуктуираат во вредноста и нивната конверзија во готовина во евра не може да се гарантира.

Дигиталното евро ќе може да се користи насекаде во еврозоната, без разлика каде се наоѓаат плаќачите и која комерцијална банка или давател на платежни услуги го користат. Плаќањето ќе биде можно во секое време, 24 часа на ден, 365 дена во годината.

Без банкарски сметки

Дигиталното евро, исто така, ќе им овозможи на луѓето без банкарски сметки да вршат или примаат дигитални плаќања и да пристапуваат до основните функции бесплатно. Овие функции би вклучувале конверзија на готовина во дигитално евро и обратно. Во моментов, околу четири милиони луѓе во ЕУ немаат банкарска сметка, што ги става во неповолна положба бидејќи не можат, на пример, да ги користат услугите на е-трговијата.

Комисијата наведува дека дигиталното евро би ја подобрило приватноста на корисниците, а со користење на дигиталното евро без пристап до интернет, приватноста на корисникот би била иста како и при користењето готовина.

Од Комисијата наведуваат дека целта на денешните предлози е да се обезбеди оние кои тоа го сакаат и понатаму да можат да плаќаат во готово, така што е пропишана законска обврска за прифаќање готовина, со што, меѓу другото, би се спречиле компаниите еднострано да воведат исклучиво безготовински плаќања. Комисијата посочува дека дигиталното евро нема да ја замени готовината, туку ќе биде уште една дополнителна опција за плаќање.

Дигиталното евро ги загрижува банките, кои стравуваат од можна голема загуба на приходите доколку поединците почнат масовно да ги повлекуваат своите депозити од нивните сметки и да ги претвораат во дигитално евро, кое, за разлика од банкнотите и монетите, не би било во нивните биланси. Затоа, Комисијата предлага да се ограничи износот што секој поединец може да го држи во дигитална валута.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Полска ќе ја води повоената обнова на Евроазија“

Следно

„Ако за Мбапе се грижеше менаџер, а не мајка му, одамна ќе беше во Реал Мадрид“

Latest from Blog

Вучиќ за Breitbart: „ТРАМП Е МНОГУ ПОПОПУЛАРЕН ВО СРБИЈА ОД БИЛО КОЈ ДРУГ АМЕРИКАНСКИ ЛИДЕР“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за американскиот Breitbart News, кое американскиот претседател Доналд Трамп го сподели на својата социјална мрежа Truth Social, изјави дека Трамп е убедливо најпопуларниот политички лидер

Многу најавуваната реконструкција на Владата – „Журнал“ објавува детали од политичките кругови

Додека се приближува рокот за најавената реконструкција на Владата во текот на јуни, во владините кругови се интензивираат разговорите за можни кадровски промени и прераспределба на одредени ресори меѓу коалициските партнери. Извори

Ливерпул го потврди заминувањето на Конате

фото: Liverpool FC Фудбалерот на Ливерпул и француски репрезентативец Ибрахима Конате (27) заминува од англискиот клуб, откако овој месец ќе му заврши договорот. Во соопштението на Ливерпул се наведува дека Конате ќе

Иран започна голем напад

Според извештаите на иранските државни медиуми, операциите биле извршени од копнените сили на ИРГЦ. Не е прецизирано кои вооружени групи биле цел или каде биле извршени нападите, објави Ал Џезира. Претседателот на

Коњановски пресече по неуспехот на ФК Пелистер: Следува ревизија и нов почеток за клубот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, се огласи по поразот на ФК Пелистер во Кавадарци и испаѓањето на клубот во Втората македонска фудбалска лига, оценувајќи дека станува збор за тежок ден за спортот
Go toTop