Европратениците одобрија помош од 427 милиони долари за Туркије во рамки на пакетот помош за прородни катастрофи

September 20, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Европратениците денес одобрија 400 милиони евра (околу 427 милиони долари) помош за Туркије за заздравување од катастрофата изразувајќи најдлабока солидарност со погодените од двата земјотреси што ги погодија јужните региони на земјата во февруари, јавува Анадолу.

Членовите на Комисијата за буџет на Европскиот парламент дадоа зелено светло за „скоро 455 милиони евра помош од Фондот за солидарност на ЕУ за неодамнешните природни катастрофи во Романија, Италија и Туркије“, се вели во соопштението на Европскиот парламент.

Европратениците исто така ја изразија својата „најдлабока солидарност со жртвите, нивните семејства и сите поединци погодени од природните катастрофи во Романија, Италија и Туркије“, се додава во соопштението.

Одлуката ќе го измени буџетот на ЕУ, со што на Туркије ќе ѝ припадне најголем дел од новиот пакет помош.

Романија и Италија ќе добијат 33,9 милиони евра, односно 20,9 милиони евра за помош во закрепнувањето од тешките суши и поплави.

Пленарната седница на Европскиот парламент допрва треба да го одобри амандманот на буџетот, но тоа треба да биде само формалност по одлуката на Комисијата за буџет и минатонеделното зелено светло од земјите членки на ЕУ.

На 6 февруари, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужниот и југоисточниот дел на Туркије, во кои животот го изгубија над 50.000 луѓе.

Од земјотресите беа погодени 13,5 милиони луѓе во 11 турски области: Кахраманмараш, Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије ќе обезбеди вода за пиење за турските села во Северна Македонија

Следно

Утре попладне локален пороен дожд и грмежи, во петок и сабота сончево, во недела повторно нестабилно

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop