Европол: Прекинат синџир за шверцување мигранти – преку Србија, Македонија и Грција илегално пренесени околу 5 000 Кубанци во ЕУ

July 24, 2023
1 min read

Во соопштението на Европол се наведува дека членовите на криминалната мрежа користеле позната апликација за комуницирање каде што ги рекламирале своите незаконски услуги. Членовите на криминалната мрежа се фокусирале на кубански државјани од ранливи групи. За уплата од околу 9 000 евра, тие го организирале патувањето и обезбедувале лажна документација за мигрантите

Во голема акција на полицијата на пет европски земји прекината е интерконтинентална криминална мрежа која шверцувала мигранти од Куба во Европската Унија (ЕУ), при што се уапсени 62 лица, од кои 25 кубански државјани, соопштија во понеделникот Европол и Интерпол, кои ја координираа меѓународната истрага.

Фото: Архива

Во соопштението на Европол се наведува дека членовите на криминалната мрежа користеле позната апликација за комуницирање каде што ги рекламирале своите незаконски услуги. Членовите на криминалната мрежа се фокусирале на кубански државјани од ранливи групи. За уплата од околу 9 000 евра, тие го организирале патувањето и обезбедувале лажна документација за мигрантите.

Од Куба. како почетна точка, мигрантите биле пренесувани во Србија, искористувајќи ја можноста за влез во земјата без виза. Оттаму, преку илегални патишта, од С Македонија биле носени до Грција, од каде што, пак, заминале за својата крајната дестинација – Шпанија.

Севкупно, постои сомневање дека криминалната мрежа успешно прошверцувала околу 5 000 Кубанци во ЕУ.

Покрај апсењата, на денот на акцијата, во јуни 2023 година, полицајците од Србија, Грција и Шпанија заплениле стотици фалсификувани документи и опрема за фалсификување. Запленети се вкупно 18 парчиња недвижен имот, 33 возила и 144 банкарски сметки, заедно со огромни суми пари во различни валути. 

Истрагата, како што наведува Европол, била покрената во октомври 2021 година откако српските, грчките, македонските и финските власти пријавиле зголемен број кубански граѓани кои се обиделе да влезат во Европа со фалсификувани лични документи.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Луксор – една од главните атракции на египетскиот туризам

Следно

Мис Италија ќе прима само „фабрички жени“

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни
Go toTop