Еврокомесарката Кос: ЕУ има за цел да ги поддржи Црна Гора и Албанија во завршувањето на пристапниот процес

January 14, 2025
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Комесарката за проширување на Европската Унија (ЕУ), Марта Кос, денеска рече дека ЕУ се обидува да постигне динамика во проширувањето, со отворање на поглавјата со Украина и Молдавија оваа година, а во исто време има за цел да ги поддржи Црна Гора и Албанија во завршувањето на процесот на пристапување во наредните години, јавува Анадолу.

Кос денеска присуствуваше на состанокот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент за првпат откако го презеде својот петгодишен мандат во Европската комисија на 1 декември минатата година.

„За прв пат во десет години, имаме реални очекувања дека можеме да донесеме две или три земји кандидатки преку линијата“, рече Кос, додавајќи дека сегашната динамика се должи на прозорецот на можности што го отвори војната во Украина.

Кос нагласи дека оваа циклична можност не значи дека ќе има „попусти“ во процесот на проширување на ЕУ.

„Процесот на проширување ќе продолжи да се заснова на заслуги“, порача комесарката Кос.

Таа изрази очекување дека за време на актуелното полско претседателство ќе бидат отворени едно или две поглавја со Украина и Молдавија.

Додаде дека Црна Гора има визија да го заврши преговарачкиот процес до крајот на 2026 година, а Албанија до крајот на 2027 година и дека во тие напори ќе ја имаат поддршката од Брисел.

„Украина прави големи работи. Кога разговарав со украинскиот претседател Владимир Зеленски, тој ме замоли да ги отвориме сите поглавја оваа година“, рече Кос.

Нагласувајќи дека реформите што Украина ги спроведува мора да бидат одржливи, Кос рече дека ниту на Киев нема да му изостане поддршката од Брисел.

„Од друга страна, ситуацијата во Грузија е впечатлив потсетник дека патот кон членството во ЕУ не е лесен и дека може да дојде до назадување. Длабоко жалам што властите продолжуваат да се дистанцираат од ЕУ интеграциите“, рече Кос, потсетувајќи на протестите што започна во Грузија откако владата ги прекина преговорите со ЕУ.

Таа понатаму изјави дека Европската Унија го цени она што Туркије го направила на полето на помошта за бегалците и додаде дека планираат во март и април да воспостават дијалог на високо ниво со Туркије за економијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ СО ВРНЕЖИ ОД СНЕГ: Какво врме не очекува утре и во следните денови?

Следно

Лансиран првиот сателит на турската компанија „Фергани“, ФГН-100-д1

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop